Трите прасиња

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ЖИВОТНИТЕ ОД ПРИКАЗНИТЕ

ДАТА: 30.04.2020

РЕАЛИЗАТОР: АЛЕКСАНДРА СИМЈАНОСКА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазик, описменување и комуникација.


СТАНДАРД: Детето може да слуша и разбира говорен јазик.


НАСЛОВ НА ТЕМА: ВОЛКОТ И ТРИТЕ ПРАСИЊА


АКТИВНОСТ:

Говорна игра / разговор

     *Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература

Ова е приказна за трите прасиња, но и за секој работливко или мрзливко.

trite prasinja 01

trite prasinja 02

trite prasinja 03

-Драги дечиња дали ви се допадна приказната за малите сложни братчиња?
- Дали и вие ќе бидете вредни и послушни и ке другарувате со сите? Ајде, сега сите заедно да си ја прераскажеме оваа убава и поучна приказна.


2.  Практична креативна активност:

 Изработка на трите прасиња и волкот

*Потребни материјали

  • ролни од тоалет хартија (картон од блок)
  • темперни или водени бои (по можност хартија во боја)
  • ножички
  • лепило
  • копчиња
trite prasinja 04
trite prasinja 05

3. Музичка игра:

Волкот лош

https://www.youtube.com/watch?v=kNsjvx59k8o


ЦЕЛИ:

  • Да се поттикне активно слушање и разбирање на говорот од страна на возрасен.
  • Да се развива фината моторика и манипулативните вештини (контрола на дланките и прстите).
  • Да се поттикнат способности за слободно изразување преку движење и танцување на музичката содржина.

ИНДИКАТОРИ / КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето со внимание слуша приказна и соодветно реагира на изговорените зборови од   страна на возрасен.
  • Детето успешно работи со ножици и ги користи палецот и показалецот при работа со материјали од хартија.
  • Покажува интерес за музичко и ликовно изразување.

Related Articles