Програма за воспитување

"Весели Цветови" спроведува темелна 12 часовна програма за рано воспи-тување, образование и грижа за деца со навршени 8 месеци живот до поаѓање в училиште.

Оваа предучилишна програма се спроведува секојдневно, од понеделник до петок, (градинката не работи во сабота, недела и во празници кои се прославуваат во РМ).

Постојат два основни организациони облици:

  • јасли (за деца од една до две години)
  • градинка (за деца од две години до поаѓање в училиште)

Целите и задачите на примарната програма се поттикнување и развој на сите актуелни и потенцијални можности на детето (физички, интелектуални, социо-емоционални, комуникациски и изразни).

Во воспитно-образовната работа ги вклучувме и децата со посебни потреби - деца со тешкотии, како и талентирани деца и надарени деца.

Со децата редовно работи стручен тим за воспитување и згрижување, (воспитувачи, негуватели) и повремено педагог, психолог и дефектолог.


Програма за рано учење и равој

Стандарди за рано учење и развој кај деца од 0 до 6 години

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес39
Вчера663
Оваа недела1363
Овој месец6340

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-21

Политика за колачиња