Пингвините од Мадагаскар

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Животните од приказните


ДАТА: 27.04.2020


РЕАЛИЗАТОР: Јулијана Илиева


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Физичко здравје и моторен развој.


СТАНДАРД: Детето може да се движи координирано со цел.


НАСЛОВ НА ТЕМА: ПИНГВИНИТЕ ОД МАДАГАСКАР


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра / разговор

* Потребни материјали:

  • слики од ликовите од анимираниот филм
  • илустрации
  • детска литература

Пингвините се птици што не можат да летаат и поголемиот дел од својот живот го поминуваат во вода. Мал дел од нив живеат на Антарктикот каде што е многу ладно, а останатите се во потоплите делови (Нов Зеланд, Австралија, Чиле, Јужна Африка, Перу).

Пингвините се хранат со различни морски животни како што се лигњи, риби, ракчиња и слично.

Главни ликови во анимираниот филм Пингвините од Мадагаскар се Ковалски, Капетан, Војник, Рико - тоа се четирите пингвини и кралот на лемурите Џулиан. Тие не се во нивната природна средина туку се наоѓаат во зоолошката градина во Њујорк. Главна цел на овие мали животни е како да избегаат од зоолошката и да се вратат во нивните живеалишта, но за жал сите нивни обиди се неуспешни.


2. Практична креативна активност:

Изработка на пингвин

* Потребни материјали:

  • пластично шише од половина литар
  • тоалетна хартија
  • самолеплив колаж
  • ножици
  • лепак
  • лист од блок
  • дрвени бои или фломастери
01
02

Ги цртаме ликовите од анимираниот филм-Ковалски, Капетан, Војник и Рико.

Неколку чекори како лесно да нацртаме пингвин.

03


3. Подвижна игра

Танцуваме како пингвини

https://www.youtube.com/watch?v=O_CqDruPF-8


Интересни факти за пингвините

  • Постојат 18 различни видови на пингвини.
  • Тие се родени ловци, нивните клунови се остри како сечиво, а со нивните крилја можат силно да замавнат доколку им се приближи некој натрапник.
  • Помеѓу нив постои татковска љубов, таткото се грижи за бебето пингвин.
  • Најголемиот вид е царскиот пингвин и тој може да достигне тежина од 35кг и висина од 1.1 метар, додека најмалиот вид е малиот син пингвин кој е висок 40см и тежок само 2кг.
  • Животниот век на пингвините исто така зависи од нивниот вид. Дивиот пингвин може да живее од 15-20 години и поголемиот дел од животот го поминуваат во морето.
  • Пингвините живеат во големи групи и до 1000.

ЦЕЛИ:

  • Да се развива прецизност на движењата.
  • Да се поттикнува на различни начини да ги изразува своите мисли, идеи и чувства

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето го движи телото и екстремитетите според такт на музика.

Related Articles