ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ПАТУВАЊА – ДОЖИВУВАЊА
ДАТА: 12.06.2020
РЕАЛИЗАТОР: АЛЕКСАНДРА СИМЈАНОСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења.
СТАНДАРД:
- Детето стекнува информации за средината преку набљудување и манипулација.
- Детето демонстрира интерес за учество во разни видови визуелна креативност.
- Детето покажува интерес за учество во музичка активност.
НАСЛОВ НА ТЕМА : Каде ќе патуваме во лето?
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра / разговор
*Потребни материјали :
- слики
- илустрации
- детска литература
Меѓу пролетта и есента постои едно многу жешко годишно време КОЕ СЕ НАРЕКУВА…како дечиња?
– Летооо! - Токму така. Тоа е најтоплото годишно време кога деновите се долги и сончеви, а ноќите кратки. Сонцето рано изгрева, небото е сино. Луѓето носат лесна облека и најчесто одат на годишен одмор во природа, на планина, кај баба и дедо на село, на езеро или на море.
Летото трае три месеци. Во лето во природата има многу храна за сите: за луѓето, за инсектите, за птиците и за животните. Доколку заминете со вашите родители на село, задолжително одете на некоја ливада. Внимателно разгледајте наоколу. Ќе видите многу мали инсекти: самовилско коњче,, скакулци, стоногалки, комарци, муви, пеперутки и
многу други инсекти. Но каде и да појдете дечиња треба да се заштитите од директните сончеви зраци со носење на капа, шеширче, наочари за сонце и слично.
Во лето има и многу овошни плодови како што се: (цреши, вишни, кајсии, лубеници, дињи, киви, боровинки, малини, јагоди, праски) и разни зеленчуци (морков, тиквички, компири, грашок, пиперки, домати, кромид и други) што се собираат по нивите и градините кои треба почесто да ги полеваме со вода за да не се исушат поради топлината. Потоа тие се продаваат по пазарите и во маркетите. Житото се жнее пред да дојде есента. Од него се меле брашно а од брашното се прават разни производи: леб, макарони, разни видови пити...Колку вкусно нели дечиња!
Ајде сите заедно да разгледуваме, да патуваме низ слики и секој од вас да ни каже каде би сакал да летува – на море, планина или на некое друго забавно место!
-ЕЗЕРО-
ПЛАНИНА
2. Анимирана серија за деца
СВЕЌИЧКАТА ОГИ: Одиме на плажа
https://www.youtube.com/watch?v=XTX3NunkzVw
- Другарчиња дали ви се допадна серијата? - Ајде сега заедно да повториме.
- Каде посака Оги да патува на одмор и со кого?
- Што се му беше потребно да понесе со себе за да ужива на плажата?
- Со што патуваа Оги и неговото пријателче нилското коњче до плажа?
- Кога пристигнаа на плажата што посакаа да истражуваат и што се видоа таму?
3. Практична креативна активност:
Изработка на бротче од хартија
*Потребни материјали
- хартија во боја или весник (за изработка на бротчето)
- корито или базен
- вода
- цевки за сок
Најпрво ке го погледнеме видеото и ќе го направиме нашето бротче.
https://www.youtube.com/watch?v=XCz-F1S8yfQ
Заедно со децата замислете дека сте на плажа, покрај море или езеро! Замислете ги песокот и водата! Потоа ке го пуштиме бротчето да плови во водата со дување низ цевките како примерот од сликата подоле.
4.Музичка активност:
Песна - Ајде да патуваме
https://www.youtube.com/watch?v=NI45-rK7jD4
ЦЕЛИ:
- Да се поттикнува интересот и љубовта на децата кон природата.
- Да се развиваат способности за стекнување на знаења за средината и опкружувањето преку конкретно набљудување и манипулација.
- Да се поттикне способноста за истражување, споредување, именување на бои, форми, облици на предмети во две и три димензии.
ИНДИКАТОРИ / КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето бара и прибира информации од средината, преку примена на сетилата, набљудувањата и разговор.
- Детето покажува интерес за самостојно ликовно изразување и изработува бротче од хартија.
- Детето успешно ги контролира деловите од телото и танцува според музиката.