Објект "Синоличка" на ул."Петар Дељан" бр.9
Објектот "Синоличка" е од монтажен тип, располага со вкупна корисна површина од 1009м2 и дворно место од 2596м2. Објектот има 11 занимални, 1 кабинет за воспитниот тим, 1 амбуланта, 1 чајна кујна, 1 административен простор, 4 санитарни чворови, 1 магацин, 2 подрума и 1 котлара. Просториите се затоплуваат со централно греење. Капацитетот на објектот е 210 деца. Објектот располага со јаслен дел и градинка.
Во јаслениот дел децата се згрижени во три групи, и тоа :
- од 9 – 12 месеци – една група
- од 12 – 18 месеци – една група
- од 18 – 24 месеци – една група
Во групите со деца од јаслена возраст работат негователи.
Во делот градинка децата се воспитуваат и згрижуваат во 7 воспитни групи, и тоа:
- од 2 – 3 години – две групи
- од 3- 4 години – две групи
- од 4 – 5 години – две групи
- од 5 – 6 години – две групи
Телефон за информации:
- Синоличка: 02/ 2779-170