Објект "Перуника" на улица "Наум Охридски" бб, во населба Црниче
Објект "Перуника" е од тврда градба во склоп на ОУ "Кузман Јосифовски Питу" и располага со вкупна корисна површина од 250м2. Објектот ‘’Перуника ‘’ започна со згрижување на децата на ден 09.12.2014 година. Располага со 2 занимални, соба за изолација, дистрибутивна кујна, магацински простории и канцеларија за персоналот, како и комплетно уредни санитарни јазли. Просториите се затоплуваат со сопствено греење на ОУ "Кузман Јосифовски Питу" од еколошки материјал – семки од цреши.
Во објектот се воспитуваат и згрижуваат деца во 2 воспитни групи, и тоа:
- од 2 – 4 години – една група
- од 4 – 6 години – една група
Во секоја група активностите ги реализираат стручните тимови ( воспитувач и негувател).