Објекти

Објект Кокиче

Објект "Кокиче" на ул. "Ѓорѓи Сугаре" бр.2

Објектот "Кокиче" е од монтажен тип. Истиот е реконструиран во 2009 година со промена на прозори и врати и реконсктрукција на санитарните чворови. Објектот располага со вкупна корисна површина од 671м2 и дворно место од 2668м2. Објектот има 4 занимални, 1 кабинет за воспитниот тим, 1 амбуланта, 1 чајна кујна, 1 санитарен чвор, 1 магацин, 1 перална и 1 котлара. Просториите се затоплуваат со централно греење. Капацитетот на објектот е 90 деца. Децата се воспитуваат и згрижуваат во 4 воспитни групи и тоа:

  • од 2 – 3 години – една група
  • од 3 – 4 години – една група
  • од 4 – 5 години – една група
  • од 5 – 6 години – една група

Во секоја група активностите ги реализираат стручни тимови ( воспитувач и негувател). Во состав на објектот е Управата на детската градинка.

Во состав на објектот е Управата на детската градинка.

Телефон за информации:

  • Кокиче: 02/ 2776-235
  • Управа: 02/ 2776-236

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес156
Вчера194
Оваа недела982
Овој месец4589

Моментално посетители

1
Онлајн

2021-10-22

Политика за колачиња