“МИСИЈА НА СОВЕТУВАЛИШТЕТО:
воспитно, превентивно и советодавно
да го олесниме процесот на растење и созревање на детето
развивајќи ги неговите потенцијали,
да му помогнеме да биде успешно, самостојно и задоволно,
а родителите да бидат исполнети и сигурни во себе“
Советувалиштата за деца и родители во рамките на предучилишните установи се воведоа во 2014 година. Како законска обврска и нужност, во ЈДГ „Весели Цветови“ – на општина Кисела Вода во Град Скопје, од истата година започна со обезбедување на услови за започнување на ефикасно функционирање на Советувалиштето за деца и родители. Во 2015 година е донесена Програмата за работа на Советувалиштето за деца и родители.
Советувалиштето за деца и родители во ЈДГ „Весели Цветови“ – на ОКВ во Град Скопје има за цел да им пружи помош на децата, родителите и вработените во подобрување на воспитно-образовниот процес на установата. Улогата на Советувалиштето е пред се превентивна и советодавна.
Советувалиштето својата работа ја извршува преку:
- советување на деца,
- советодавни-консултативни средби со родители,
- соработка со воспитно-негователскиот тим,
- организирање на стручни предавања и стручни усовршувања.
Кога станува збор за советодавна работа со деца, таа се однесува на следното:
- помош во процесот на адаптација,
- поттикнување на когнитивниот, емоционалниот и социјалниот развој,
- поттикнување на потенцијалите, откривање на талентираност и надареност,
- поттикнување на самодовербата и мотивираноста на децата.
Кога станува збор за советодавна работа со родители, таа се однесува на следното:
- рано препознавање на развојни ризици,
- рана интервенција во случај на ризик,
- психолошка, педагошка и социјална поддршка на родителите,
- поддршка на родителот во детскиот развој,
- стручни предавања за родителите.
Стручните работници се оние кои ја организираат, водат и спроведуваат работата и активностите на Советувалиштето за деца и родители. Притоа, родителите можат да побараат стручна помош од најразлични области на делување или стручен профил на стручниот работник. Оттаму, родителите во ЈДГ „Весели Цветови“ – на општина Кисела Вода во Град Скопје можат да добијат советодавни услуги од следните стручни области:
- Педагошки советодавни услуги,
- Логопедски советодавни услуги,
- Дефектолошки советодавни услуги и
- Советодавни услуги од доменот на социјалната работа,
Распоредот на работа на Советувалиштето за деца и родители е пред се организирано според потребите на родителите, а воедно и секој работен ден до 12 до 14 часот во просториите на Советувалиштето – во Управата на установата, на ул. Ѓорѓи Сугаре бр.2, Кисела Вода.
Стручни работници во ЈДГ „Весели Цветови“ – на ОКВ во Град Скопје кои ја организираат и спроведуваат работата во Советувалиштето за деца и родители се:
- Педагог – Николина Блажевска
- Социјален работник – Весна Блажевска
- Логопед – Наташа Живковска и
- Дефектолог – Анета Јовановска.