Почитувани родители и сите посетители на нашата веб страна,
Ве информираме дека стручниот тим на ЈДГ „Весели Цветови“ – на општина Кисела Вода, во согласност со МИСИЈАТА и ВИЗИЈАТА на нашата установа, со почеток на новата 2023 година започна со реализација на Е- твининг проекти, каде се вмрежува и е партнер со повеќе градинки од државите од Европа. Координарот на проектите е стручен работник – социјален работник Весна Блажевска, а учесници и реализатори на воспитно – образовните активности се повеќе вработени во нашата предучилишна установа.
Проекти на кои во моментот сме вклучени се следни:
- NATURE FROM THE LANGUEAGE - во рамките на овој проект децата ќе имаат можност да се запознаат со боговите од грчката митологија, кои активности се инкорпорирани и усогласени со оние кои се реализираат согласно Националната програма за рано учење и развој и ги опфаќаат сите аспекти од развојот на децата збогатени со нови содржини.
- MY TEACHER IS NATURE, MY FUTURE IS RECYCLING – со помош на овој проект акцентот ќе се стави на активности надвор во природата, каде децата ќе се запознаат со значењето на зачувување здрава животна средина и целиот оној материјал од кој може да се рециклира/преработи за нова додадена вредност за природата, опкружувањето и за сите нас како жители на Планетата Земја. Активностите се усогласени со Националната програма за рано учење и развој со збогатени содржини, искуствено учење и споделување на знаења, новитетите и креативни работилници со учесници од вработени во градинки од повеќе држави од Европа.
- I KNOW MY SITY – преку овој прокет децата не само што подетално ќе се запознаат со значајни факти и занимливости, анегдоти и традиција за градот каде живеат или потекнуваат, туку преку размена на искуства со повеќе градинки од 6 држави од Европа, децата ќе имаат можност да се стекнат со сознанија за различни култури, знаменитости, занимливости и факти за други 6 града од 6 различни европски држави. Активностите се усогласени со Националната програма за рано учење и развој, но со збогатени и иновативни содржини.
- FOR THE POWER OF CODING – овој прокет нуди можност за поголема вклученост на родителите, каде со помош на играчките кои им се омилени на децата, ќе можеме заеднички да откриеме како децата се чувствуваат, како ги изразуваат своите емоции и како напредува нивниот социо – емоционален развој. Активностите се усогласени со Националната програма за рано учење и развој.
Искрено се надеваме дека преку вклученоста и анагажираноста на вработените во ЈДГ „Весели Цветови“ – на општина Кисела Вода во Град Скопје во овие проекти ќе придонесеме во унапредување на воспитно – образовната работа, ќе ги збогатиме воспитно – образовните содржини и активности, а со тоа ќе придонесеме неограничен број насмевки кај СРЕЌНИ ДЕЦА и РОДИТЕЛИ!