Огласи
Врз основа на чл.13 став 3 алинеа 7 од Статутот на ЈДГ„Весели Цветови„-на општина Кисела Вода во Град Скопје, ЈДГ„Весели Цветови„-на ОКВ во Град Скопје, го распишува:
О Г Л А С
за прибирање на понуди за активности и услуги
ЈДГ „Весели Цветови„-на општина Кисела вода во Град Скопје, за потребите на Советот на родители распишува оглас за прибирање на понуди кои по пат на разгледување на понудите и со мнозинство гласови од страна на членовите на Советот на родители ќе донесе Одлука за најповолна понуда и тоа за:
- Организирање на фотографирање и снимање на настани во Установата и надвор од неа во текот на учебната 2023/2024
- Физичко воспитание, балет, хип-хоп и латино танци
Ве известуваме дека право на учество има секое правно или физичко лице кое е регистрирано во Централен Регистер на РМ за вршење на дејност за конкретните услуги.
Доказ за вршење на дејноста е задолжителна достава на ДРД-образец издаден од Централен регистар како и дополнителни документи кои Установата ги бара, а се пропишани подолу во текстот.
Пополнет образец со генералии на фирмата понудувач, во која детално ќе бидат испишани (матичен број на фирмата, даночен број, меил адреса на истата, одговорно лице, број за контакт и др.).
Финансиската понуда се испишува на Ваш образец и цената на чинење на понудата е непроменлива за цело времетраење на договорот за деловна соработка.
Детален опис на услуги по ставки:
Начин на вршење на услугата-фотографирање и снимање на деца од предучилишна возраст
-услугата фотографирање и снимање на настани се врши во просториите на установата како и на локации кои ги определува одговорното лице на установата
-периодот за достава на бараните услуги ги одредува одговорното лице во зависност од неговите потреби
-бројката за било која услуга ја дефинира установата.
-финансиската понуда од понудувачот на услуга да биде доставена со неколку комбинации за пакети кои содржат:
- Портрет пластифициран А4 формат
- Групна фотографија А4 формат
- Групна фотографија со димензии 15х21
- Единечна фотографија А4 формат
- Единечна фотографија со димензии 13х18
- Табло со димензии 40х30
- Алманах со сите деца од генерација (околу 300 деца )
- ЦД со најмалку 50 фотографии од одреден настан
- ДВД од настани во времетраење не подолго од 90 минути.
- Наплатата на услугата се врши на принцип достава уплатница од добавувачот на услугата во установата, понатаму истите од страна на одговорното лице во групата се делат на родителите.
- Финансиската понуда од понудувачот на услуга да биде доставена со неколку комбинации за пакети, со опција за цена на чинење на деца од социјално загрозени семејства и самохрани родители.
Начин на вршење на услугата- физичко воспитување, балет, хип-хоп и латино танци
- Реализацијата на активностите во просториите на ЈДГ“Весели Цветови“на ОКВ во Град Скопје во термини кои ќе ги определи одговорното лицена установата, два пати во неделата;
- Времетраењето на активностите да биде минимум 30 минути;
- Групите за следење активности ќе се реализираат- формираат согласно потребите на установата;
- Активностоте со децата да бидат со лица со соодветна стручна спрема;
- Реализаторот на активности за своите вработени да приложи уредно заверена санитарна книшка за спроведен санитарен преглед;
- Заинтересираноста за следење активности ќе се утврди со спроведување на анкета на родителите (анкетата ја изработивате сами и ќе биде наменета за деца на возраст од 3 до 6 години) – на крај анкетата ја сумирате Вие како реализатор на активноста и список на заитересирани доставете до архивата на установата.
- Реализатор на активности за секој изминат месец во текот на годината изготвува и доставува месечен извештај за користената услуга со наведен :
- список на деца со име и презиме;
- износ на месечно задолжение,;
- подмирени или неподмирени обврски.
- Местото на реализација на активностите ќе биде на следниве локации:
- Објект “Кокиче“ ул. Ѓорѓи Сугаре бр. 2
- Објект “Синоличка“ ул. Петар Дељан бр.9
- Објект “Сончоглед “ ул. Локов бр.11
- Објект “Мимоза“ ул Антон Попов бр. 43
- Објект “Перуника“ ул.Наум Охридски б.б
- Објект “Ѓурѓица “ул. Јабланицан б.б
- Објект “Симба“ ул. 5 Усје
-Реализаторот кон понудата да приложи програма за работа со деца д предучилишна возраст;
- Периодот на реализација на активностите е од 01.10.2023 до 31.05.2024 година.
Понудите да се доставува најдоцна до 30.08.2023 година, најдоцна до 12,00часот во просториите на ЈДГ„Весели Цветови„-на ОКВ во Град Скопје со седиште на ул:„Локов„ бр.11, Скопје.
По реализација на седница на Совет на родители при ЈДГ “Весели Цветови“ на ОКВ во Град Скопје на кој ќе се разгледуваат и одобруваат понудите од понудувачите следи Известување за избрани деловни соработници од страна на Совет на родители ќе биде истакнато на веб страната на установата.
В.Д Директор
м-р Габриела Стојановска