Врз основа на чл.13 став 3 алинеа 7 од Статутот на ЈДГ„Весели Цветови„-на општина Кисела Вода во Град Скопје, ЈДГ„Весели Цветови„-на ОКВ во Град Скопје за прибарање на понуди за осигурување на деца, фотографирање и снимање и театарски претстави за децата од предучилишна возраст го распишува следниот
О Г Л А С
ЈДГ„Весели Цветови„-на општина Кисела вода во Град Скопје, за потребите на Советот на родители распишува оглас за прибирање на понуди кои по пат на разгледување на понудите и со мнозинство гласови од страна на членовите на Советот на родители ќе донесе Одлука за најповолна понуда и тоа за:
- Осигурување на деца од предучилишна возраст
- Организирање на фотографирање и снимање на настани во Установата и надвор од неа во текот на учебната 2022/2023
- Театарски претстави
Ве известуваме дека право на учество има секое правно или физичко лице кое е регистрирано за вршење на дејност за конкретните услуги.
Доказ за вршење на дејноста е задолжителна достава на ДРД-образец издаден од Централен регистар како и дополнителни документи кои Установата ги бара, а се пропишани подолу во текстот.
Пополнет образец со генералии на фирмата понудувач, во која детално ќе бидат испишани (матичерн број на фирмата, даночен број, меил адреса на истата, одговорно лице, број за контакт и др.).
Финансиската понуда се испишува на Ваш образец и цената на чинење на понудата е непроменлива за цело времетраење на договорот за деловна соработка.
Детален опис на услуги по ставки:
Начин на вршење на услугата-осигурување од незгода на деца од предучилишна возраст
- достава на списоци за пополнување на бројка на деца со ЕМБГ, име и презиме на детето и сума на чинење на услугата од незгода (овие списоци се доставуваат пред изготвувањето на полисата за осигурување и врз основа на нив пополнети со број на деца се изготвува и споменатата полиса)
-наплатата на услугата се врши на принцип достава уплатница од добавувачот на услугата во установата, понатаму истите од страна на одговорното лице во групата се делат на родителите
- осигурителната полиса треба да биде со важност од 1 (една) година
Начин на вршење на услугата-фотографирање и снимање на деца од предучилишна возраст
-услугата фотографирање и снимање на настани се врши во просториите на установата како и на локации кои ги определува одговорното лице на установата
-периодот за достава на бараните услуги ги одредува одговорното лице во зависност од неговите потреби
-бројката за било која услуга ја дефинира установата.
-наплатата на услугата се врши на принцип достава уплатница од добавувачот на услугата во установата, понатаму истите од страна на одговорното лице во групата се делат на родителите
-финансиската понуда од понудувачот на услуга да биде доставена со неколку комбинации за пакети
Начин на вршење на услугата- организирање на театарски претстави од предучилишна возраст
- Во понудата треба да стои краток опис на претставата
- Сума на чинење на театарска претстава
- Претставите треба да бидат наменски подготвени
- Театарските претстави ќе се реализираат во објектите во состав на Установата, по претходно утврден распоред со одговорното лице на градинката
- -наплатата на услугата се врши на принцип достава уплатница од добавувачот на услугата во установата, понатаму истите од страна на одговорното лице во групата се делат на родителите
Понудите да се доставува најдоцна до 09.09.2022година, најдоцна до 12,00часот во просториите на ЈДГ„Весели Цветови„-на ОКВ во Град Скопје со седиште на ул:„Локов„ бр.11, Скопје.