Оглас за вонинституционални активности
Огласи
Врз основа на чл.13 став 3 алинеа 7 од Статутот на ЈДГ„Весели Цветови„-на општина Кисела Вода во Град Скопје, ЈДГ „Весели Цветови„ -на ОКВ во Град Скопје, го распишува:
О Г Л А С
за прибирање на понуди
- Осигурување на деца од предучилишна возраст
- Сума на чинење на осигурување од несреќен случај по дете;
- Доколку постојат повеќе видови на услуги за истите на овој образец може да се даде понуда;
- Во понудата треба да има опис на несреќен случаи за кои следи исплата со прилог информатор;
- Изготвување на групна осигурителна полиса за временски период од 1 (една) година од денот на склучување;
- За деца кои се запишуваат во Ноември 2023 година изработка на дополнителни полиси за осигурување за временски период од 1 (една) година од денот на склучување на договорот.
- Уплатата на средствата од страна на родителите ќе се реализира по пат на изготвена уплатница.
- Полисата за осигурување се изготвува врз база на доставени списовжци со деца-осигуреници си име и презиме и дата на раѓање.
- Театарски претстави за деца од предучулишна возраст
- Претставите треба да бидат наменски подговени (пример новогодишна претстава, презентација на басна, поучна приказна и др.)
- Сума на чинење на театарската престава;
- Театарските престави ќе се реализираат во просториите на установата, поточно во објектите кои се под нејзина управа;
- Термините за истите ги договара одговорното лице на градинката.
- Списанија, прирачници и работен материјал
- Списанијата и прирачниците да бидат одобрени од Министерствотот за труд и социјална политика;
- Сума на чинење на списанија, прирачници и работен материјал;
Рок за достава на понуди е до 15.09.2023 година во архивата на детската градинка, лоцирана на ул. Локов бр.11 деловна соработка во која се наведуваат обврските на договорени страни.
Право на учество има секое правно или физичко лице кое е регистрирано во Централен Регистер на РМ за вршење на дејност (доказ е ДРД Образец издаден од Централен регистер на РСМ).
Права и обврски ќе се регулираат со договор.
По реализација на седница на Совет на родители при ЈДГ “Весели Цветови“ на општина Кисела Вода во Град Скопје на која ќе се разгледуваат и одобруваат понудите од понудувачите следи Известување за избрани деловни соработници од страна на Совет на родители ќе биде истакнато и на Веб страната на установата.
В.Д Директор
м-р Габриела Стојановска