ТЕМА НА НЕДЕЛАТА : ЗНАКОТ СТОП
ДАТА : 04.06.2020
РЕАЛИЗАТОР: ОРХИДЕЈА ЃОРЃИЕВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: РАЗВОЈ НА ЈАЗИК, ОПИСМЕНУВАЊЕ И КОМУНИКАЦИЈА
СТАНДАРД: Детето може да го збогати својот речник и да покаже напредок во правилниот говор
НАСЛОВ НА ТЕМА: ЗНАКОТ СТОП
АКТИВНОСТ
1. Говорна игра/разговор
* Потребни материјали:
- слики
- илустрации
- детска литература
* Знакот СТОП ( Знак за задолжително запирање)
Знакот за задолжително запирање ( некаде може да се сретне и само како Стоп знак ) претставува сообраќаен знак за извршна наредба кој ги обврзува возачите целосно да застанат и да проверат дали има други возила кои се движат на патот и да ги пропуштат пред да се приклучат на истиот.
Овој знак прв пат се појавува во 1915 год. Во Детроит - Сад и неговиот првичен изглед бил на жолта позадина и со црни букви. Денес знакот најчесто може да се забележи во октогонална форма и со црвена позадина (бели букви и на латиница го пишува зборот STOP)
* Зошто знакот СТОП е осумаголник ?
Логиката е едноставна : колку повеќе страни има знакот, толку поопасен е претстојниот дел од патот.
Осумаголниците ја означуваат втората најголема опасност, како раскрсниците .
Знакот Стоп
Јас сум знак што личи на круг,
како мене нема друг.
Штом ќе ме видиш застани! - оп
прочитај на мене пишува Стоп.
* Неколку активности за знакот Стоп
Децата да умеат да го препознаат знакот стоп и успешно да го опишуваат
Препознај го знакот стоп на апликациите и опиши го.
2. Ликовна активност
* Потребни материјали
- дрвени бои
3.Сложувалка
ЦЕЛИ:
- Детето да умее со неколку реченици да го опише надворешниот изглед на сообраќајниот знак (боја, форма).
- Да се развиваат способности за класификација, компарација и серијација според боја, форма, големина, вид и род.
- Да се поттикне интересот за учество во музички и ликовни активности.
ИНДИКАТОРИ/КOMПETEНЦИИ
- Детето го знае значењето на зададениот збор.
- Детето учествува во говорни игри.