Галерија

Животните и нивните живеалишта

Тема на неделата: Домашни миленици

Дата: 13.04.2020

РЕАЛИЗАТОР: ДАНЧЕ ТРПЕСКА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Физичко здравје и моторен развој


СТАНДАРД: Детето може да воспостави контрола на движењата на дланките и прстите


НАСЛОВ НА ТЕМА: ЖИВОТНИТЕ И НИВНИТЕ ЖИВЕАЛИШТА


АКТИВНОСТ: Домашни животни

1. Говорна игра/ разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • сликовница ,,Градските музичари"
  • боички

🙂 Постојат многу видови животни. Домашни животни се оние за кои се грижи човекот. Тој им обезбедува храна,живеалиште и се грижи за нивното здравје. Домашните животни ги делиме на стока и птици.

🙂 Другарчиња ајде да ги наброиме сите домашни животни што вие ги знаете.

Домашни животни се: маче, куче, кокошка, петел, патка, крава, коњ, овца, коза, магаре и др.

Кокошките живеат во кокошарник.

Кравите и коњите во штала.

Овците и козите во трло.

01


ДОМАШНИ ЖИВОТНИ

  1. Што е тоа? Покажи или кажи. - Именувајте ги животните и нивните младенчиња.
  2. Кој каде живее? - Именувајте ги нивните живеалишта.
  3. Со што се хранат? - Набројте со што се хранат.
  4. Делови од телото? - Заокружи ги роговите, копитата, опашката, крзното и друго.
  5. Именувајте ги нивните младенчиња.

02

🙂 СЛИКОВНИЦА "Градските музичари" од Браќа Грим на многу интересен и сликовит начин го опишува животот на сите животни во заедницата и тоа како и тие се почитуваат помеѓу себе.

03


2.  Практична креативна активност

🙂 Изработка на фарма

* Потребни материјали

  • картон, хамер
  • лепило
  • животни
  • шпатули
04
05

https://theimaginationtree.com/wash-muddy-farm-animals-sensory-play/?fbclid=IwAR0D0Dajl_c57BZoJlZjZxXLPhWtxTPeQsKkiRD4C6M2e1KF8mf7XKtWOeU

Практична креативна активност:

* Потребни материјали:

  • цевки
  • колаж
  • лепило

🙂 Изработка на коњчиња од цевки:

6 a
06

 3. Музичка игра:

🙂 Дедо Коле има фарма

https://www.youtube.com/watch?v=NGvF4mzrkqE


ЦЕЛИ:

  • Стекнување на основни сознанија за домашните животни, нивното препознавање, нивните живеалишта, изглед и исхрана.
  • Да се развива фината моторика и манипулативни вештини.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето користи материјали за изработка на макети и изработува апликации.
  • Детето ги именува животните и нивните живеалишта, како и нивните младенчиња.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес422
Вчера382
Оваа недела2524
Овој месец7501

Моментално посетители

3
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња