ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ВИДОВИ СООБРАЌАЈ
ДАТА: 14.05.2020
РЕАЛИЗАТОР: Анета Младенова Јачовска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Јазик, комуникација и развој на писменост.
СТАНДАРД: Детето може да го збогати својот речник и да покаже напредок во правилниот говор.
НАСЛОВ НА ТЕМА: ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра
* Потребни материјали:
- слики
- илустрации
- детска литература
Што е тоа железнички сообраќај?
Под железнички сообраќај спаѓаат возовите (патничките возови и товарните возови), патничките возови превезуваат патници, луѓе, а додека пак товарните возови превезуваат секаков вид товар.
Воз е прописно составена и закачена низа на железнички патнички и товарни вагони со едно влечно возило или со повеќе влечни возила со сопствен погон.
Железничка пруга е сувоземна шинска сообраќајница по која се одвива превоз на патници и стока со железнички возила.
Железничка станица е службено место на железничка пруга од кое се регулира сообраќајот на спротивни и последователни возови и во кое се врши влегување и излегување на патници, како и на товар и истовар на стока.
Железнички патнички и товарни вагони се железнички возила конструирани за движење по железничка пруга, наменети за превоз на патници (патнички вагони), односно за превоз на стоки (товарни вагони).
Возот го управува машиновозачот од својата локомотива.
ПАТНИЧКИ ВОЗ
ТОВАРЕН ВОЗ
ПРУГИ
ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА
МАШИНОВОЗАЧ
2. Практична креативна активност:
Изработка на воз
* Потребни материјали:
- рол хартија
- лепак
- ножици
- хартија во боја
https://www.youtube.com/watch?v=JyFiyCv10IE
3. Музичка игра:
Воз
https://www.youtube.com/watch?v=vAzcjVuyplM
4. Цртан филм
Томас и пријателите
https://www.youtube.com/user/thomasandfriends
ЦЕЛИ:
- Богатење на речникот со нови поими и зборови.
- Поттикнување на иницијативност и креативност при реализација на активностите.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето употребува нов збор или прашува за значењето на некој непознат збор.