ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ЗАШТИТА ВО ЛЕТНИТЕ ДЕНОВИ
ДАТА: 10.07.2020
РЕАЛИЗАТОР: СЛАВИЦА БРАЈКОВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења
НАСЛОВ НА ТЕМА: ЈАДЕМЕ ЗДРАВА И БЕЗБЕДНА ХРАНА
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра, разговор.
* Потребни материјали:
- слики
- драмски текст
- текст од стихотворба
Секој знае дека треба да јадеме секојдневно. Храната што ја јадеш во текот на денот му помага на твоето тело да расте и да се развива, го штити од надворешните влијанија и му дава сила и енергија.
Секој има право да се храни здраво
Тоа е така.
Ама некои деца сакаат токму вака:
- Нема повкусна и поздрава храна од печена тиква или од банана! – вели Јана
- Да ако не си пробал портокал или мандарина! – и вели Ирина.
- А јас најмногу сакам да јадам дуња, круша, јаболко или праска! – се јави Васка.
- Да, нив ги сакам и јас, - вели Влатко – ама кога се во тегла како слатко.
- Јас, пак, - рече Атанас – најмногу сакам најмногу сакам грејпфрут или ананас. Секое овошје е здраво и нужно особено ако е јужно!
- Исто како и оние плодови – рече Ана – од овошките в планина што се самоникнати! Дали сте ги вкусиле капинките, боровинките, јаготките, трнинките?
- Имаш право Ана! Природата е вистински рудник и фабрика за супер- здрава храна! – се вмеша и Насте. – Во гората секаква билка, грмушка и дрвце расте! За костените, бадемите, оревите и лешниците се најдобро ќе ви кажат и птиците и вервериците! Никој не може да и најде мана на таа „сува храна“!
- Е, многу убав пазар направивте! Ама зеленчукот го заборавивте – им рече Злата.
- Може ли да се замисли ручек или вечера без зелена салата?
- Или краставица, карфиол и зелка? – ја дополни Елка. – во нив сите витамини ги има. А без зимница, туршија, зимата, нели, не е зима?!
- И зеленчукот – рече Мила – ни дава и здравје и сила. Може да се јаде свеж и зготвен на секаков начин. Особено ако притоа му се додаде магдонос, целер, босилек или нане како зачин.
Овошки
И врапците и кокошките
знаат за овошките!
Вкусни се слатки, фини,
полни со витамини.
Дрвјата се листопадни,
Разни плодови даваат
и за сити и за гладни!
нели, не бива?
Без кајсија, праска,
вишна и слива
овошната градина,
Од мај до доцна есен
плодовите им зреат,
модри, жолти, црвени –
а гранките дречат, греат.
2. Практична креативна активност
*Музички игри
https://www.youtube.com/watch?v=pnFi2HOIes0
https://www.youtube.com/watch?v=JjFQOn9jqFo
https://www.youtube.com/watch?v=SSKYSc8CdW0
ЦЕЛИ:
- Да се оспособува за препознавање и класификација на растенијата, одредени видови, нивните карактеристики, корист, примена.
- Да се поттикне кон воведување на користење на повисоките мисловни процеси (заклучување, помнење, логичко поврзување, анализирање, селектирање).