ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Здравје и здрави навики
ДАТА: 19.06.2020
РЕАЛИЗАТОР: Клементина Петрушевска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развиј и стекнување на општи знаења
НАСЛОВ НА ТЕМА: Здрава храна
АКТИВНОСТ:
1. Разговор; Разговарајте со детето за тоа што е здрава храна.
Здрава храна е храна која е полна со витамини и минерали. Храна која му дава доволно енергија на нашето тело и сила за сите активности во текот на целиот ден.
Во текот на денот потребно е да имаме три главни оброци: појадок, ручек и вечера, во кои ќе биде вклучен зеленчук, месо и житарки. Помеѓу оброците треба да имаме здрава ужина која треба да вклучува овошје и здрави соленки од житарици и суво овошје. Во текот на денот многу е важно да пиеме доволно чиста и свежа вода и цедени сокови или чаеви.
Овошјето и зеленчикот можеме да ги купиме на пазарите каде што има најголем избор на овошје и зеленчук. Треба да внимаваме да купуваме и јадеме сезонски овошја и зеленчуци и секогаш да ги чистиме и миеме пред да ги јадеме свежи или да ги приготвуваме за манџа или салата.
2. Разговор по слики/ Ликовна игра – постер;
Разроварајте со детето која храна треба почесто да се јаде а која поретко. Направете постер со исечоци од хартија и закачете го на видно место за да може детето да препознава и да се потсетува за тоа колку често внесува здрава храна.
3. Практична активност/ Правиме смешни и интересни фигури со овошје и зеленчук
ЗА ДЕЦАТА КОИ ИМААТ ПОТЕШКОТИИ СО ПРАВИЛНАТА ИСХРАНА И ВНЕСУВАЊЕ НА ЗДРАВА ХРАНА, ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК.
ОБИДЕТЕ СЕ ДА ГИ ВКЛУЧИТЕ ДЕЦАТА ВО ПРИГОТВУВАЊЕ НА ХРАНАТА!
НАПРАВЕТЕ ИНТЕРЕСНИ ФИГУРИ ОД
ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ!
ОСТАВЕТЕ ГИ ДЕЦАТА ДА ГИ ДЕКОРИРААТ И СЕРВИРААТ!
4. Музичка игра/ Пееме и танцуваме
"ЗДРАВА ХРАНА ЗА ДЕТСТВО БЕЗ МАНА,"
https://www.youtube.com/watch?v=pnFi2HOIes0
ЦЕЛИ:
- Стекнување на сознанија за важноста на здравата храна за здравјето на човекот.
- Поттикнување на детето да јаде храна која изобилува со витамини и минерали.