ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ЗАШТИТА ВО ЛЕТНИТЕ ДЕНОВИ
ДАТА: 07.07.2020
РЕАЛИЗАТОР: ЈУЛИЈА СМИЉАНОВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: СОЦИОЕМОЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ
НАСЛОВ НА ТЕМА: ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра, разговор.
* Потребни материјали: слики, илустрации...
*Сонцето ни дава светлина, топлина, енергија и здравје - без сонце нема живот!
-Сонцето, секое утро, рано в зори изгрева од исток.
-На пладне, сонцето се искачува високо на небото.
-А навечер, пред да се стемни, сонцето заоѓа на запад.
*Придобивките од сонцето за секој поединец се многу големи.
*Сончевата светлина овозможува правилен раст и развој на целиот организам.
*Умереното изложување на сончевите зраци е едноставен и бесплатен начин да се добијат доволни количини од витаминот Д, поради неговото позитивно влијание на целокупниот организам, посебно за коските и забите. Ако умерено се изложуваме на сонце преку целата година, сигурно е дека нашето здравје во понатамошниот живот ќе биде добро и стабилно.
*Во исто време, штетните ефекти на сончевата светлина врз една личност се бројни
Како да ги користиме бенефитите на сонцето, а да не си наштетиме себеси?
*На топлите, сончеви денови, сите се радуваат, а најмногу децата. Може ли да уживаат во „игрите без граници“ на сонцето?
*Поради алергиите на сонце, важно е да се посвети посебно внимание на сончањето на децата.
*Дечињата се многу чувствителни и на изгореници од сонцето бидејќи имаат многу тенка, чувствителна кожа. Затоа, изложување на сонце не се препорачува во периодот од 11 до 16 часот.
*Исто така, децата не треба да бидат изложени на сонце повеќе од 15 минути.
*Малите деца под 6 месеци воопшто не треба да бидат изложени на сонце.
*Престојот на планина со деца бара уште поголема претпазливост, бидејќи со зголемување на висината, УВ-зрачењето расте.
Како и секогаш, најдобар лек за алергија на сонце е превенцијата.
Затоа, мораме да ги запаметиме следните правила и совети, за безбедно да можеме да се изложиме на сончевите зраци.
1. Сенка. Доколку децата си играат во сенка, сѐ уште е најдобра заштита од сонце.
2. Заштитна облека: Лесната облека ќе не заштитува и најдобро е таа да биде поголема, поширока, памучна облека,, во светли бои. Таа овозможува подобра циркулација на воздухот, ја апсорбира потта и помага да се излади телото.
3. Шапка: Шапката со широк обод ќе обезбеди најдобра заштита за лицето и за вратот.
4. Очила за сонце: Целосната заштита на очите треба да биде високо на листата на приоритетите за време на жешките летни денови. Проверете дали очилата се сертифицирани за филтрирање на УВ-зраците.
5. Млеко за сончање: Намачкајте ги изложените делови од кожата со млеко за сончање што има соодветен фактор за заштита од сонцето. Не заборавајте да го аплицирате на ушите, лицето и на задниот дел од вратот, дури и ако носите шапка. Повторно нанесувајте го, доволно често, за да ја заштитите кожата.
Во текот на летото, потребно е да консумирате храна која е лесна и помага да се излади телото.
*Експертите посочуваат дека само четири домати дневно (или две чаши сок од овој зеленчук) можат да ја спречат алергиската реакција. Ако веќе се случила алергија на сонце, тоа во голема мера ќе ги ослободи непријатните иритации и чешањето.
*Што е најважно, вие дечиња треба да пиете многу течности за да ja избегнете дехидрацијата.
*Наместо газирани пијалаци, треба да пиете вода. Исто така, може да се сладите со освежителна лимонада.
*Свежото овошје и свежите овошни сокови се одлични за жешките летни денови.
*Да се избегнува пржена и зачинета храна, бидејќи таквите оброци дополнително ќе го загреат телото.
Доколку се придржуваме до овие совети, помала е веројатноста дека сонцето ќе ни наштети.
А сега, може ли да повториме, што се ни е потребно кога излегуваме на сонце за да се заштитиме од неговото штетно влијание...
Откако научивме што ни е потребно,може да ја прочитаме песничката ,,Нека ни е,,
2. Практична креативна активност
Стихотворба
НЕКА НИ Е
Кога сончко
светне в утро,
нека ни е
ДОБРО УТРО!
Штом е над нас
на пол ден,
нека ни е
ДОБАР ДЕН!
А зад ридит
штом се скрие,
ДОБРА ВЕЧЕР
нека ни е!
Да ја проследиме сказната ,,Ветрот и сонцето,,
https://www.youtube.com/watch?v=RkVgQdQIveg&feature=share
Музичка игра: ,,Владо црта сонце,,
https://www.youtube.com/watch?v=7ch-2IkOi9o&feature=youtu.be
Ликовна креативна активност:
* Потребни материјали:
- листови во боја,
- картон,
- ножици,
- цевка за сокче,
- лепило,
- книжна чинија.
Во зависност од можностите, желбите и интересот на детето, предлагам неколку примери за активност:
1. Сонце и месечина
https://www.pinterest.com/pin/10836855340355765/
2. Наочари за сонце
https://www.pinterest.com/pin/49469295895405772/
3. Чадорче за заштита
https://www.pinterest.com/pin/757941812275767597/
4. Разиграно сонце
https://www.pinterest.com/pin/374643262754945742/activity/tried
ЦЕЛИ:
- Да се поттикнува да искажува радост и задоволство од успешно извршената работа.
- Да се оспособи за стекнување на основни сознанија за користа и штетата од сонцето.