Галерија

Вредни пчелки

Тема на неделата: Птици и инсекти

Дата: 05.05.2020


РЕАЛИЗАТОР: КАТЕРИНА МИТЕВСКА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: СОЦИОЕМОЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ


СТАНДАРД: Детето може да развие социјални вештини во интеракција со други деца


НАСЛОВ НА ТЕМА: ВРЕДНИ ПЧЕЛКИ

pcelki1
pcelki2
pcelki3

АКТИВНОСТ:

1.  Говорна игра/ разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература

Пчела. Сигурно многумина од вас го имаат гледано цртаниот фил за пчеличката Маја и знаете дека таа е многу вредна и на секого сака да помага.

Што преставува пчелата или пчелите?

Пчелата или пчелите се летачки ципокрилни ИНСЕКТИ кои што се блиску поврзани со оси и мравки.Пчелите се најпознати и важни во нивната улога во опрашувањето на разни растенија ,а истовремено за производство на мед и восок.

Има многу видови  на пчели  но во Македонија е позната расата Мариовската пчела од видот европска МЕДОНОСНА ПЧЕЛА

pcelki4

ПЧЕЛИТЕ ИЗГЛЕДААТ ,ЖИВЕЕАТ И НИ ДАРУВААТ ...?

Пчелата има многу мало и кревко тело,повеќето и е темно,со сивоо сребрени влакненца,со многу тенки крилца кои и овозможуваат да летаат многу брзо.На главата имаат очи и како клунче со кое го собираат поленот и нектарот од цветот.

Пчелите живееат во семејства кои се составени од голем број на ПЧЕЛИ РАБОТНИЧКИ,ЕДНА МАТИЦА и исто така многу МАШКИ ПЧЕЛИ кои се нарекуваат ТРУТОВИ.Секоја пчела си има важна задача а тое е веќе собраниот нектар или полен од цвеќињата да го преработуваат во МЕД кој го чуваат во восочно саќе кое се чува во кошница за која се грижи човекот.

МЕДОТ Е ВАЖЕН ЗА МОЕТО ЗДРАВЈЕ

  • Ги олеснува симпомите на грип и настинка
  • Ни дава енергија да можеме побрзо да трчаме
  • Ако се изгорам од шпоретот на баба мама ќе ме намачка со мед и нема да се појави меурче па че ми помине без рана ,но сепак јас да внимавам и најдобро -Медот на палачинки да го мачкам и слатко да го јадам.

https://www.youtube.com/watch?v=DtSQOe41i_c&list=PLlN_TQkweX6V7tQiEqb6NV-af0FZll4K-


 2. Практична креативна активност:

pcelki5

* Потребни материјали:

  • ролна тоалетна хартија
  • црн конец или црна хартија
  • хартии во боја
  • лепак
  • црн фломастер

Изработка на пчела https://www.youtube.com/watch?v=WYOR1v5DGpE

Изработка пчели на цветови https://www.youtube.com/watch?v=7Xo3aw9rmuQ


3.  Музичка игра:

Пчелка –Златно славејче  и Пчелата и цветот - поточиња

https://www.youtube.com/watch?v=wJC-Q80THfQ

https://www.youtube.com/watch?v=Hsmz5fZURKI

ЦЕЛИ:

  • Да ја соглдува ползата од сопствената и заедничка работа
  • Да овозможи на детето стекнување на престави и поими за каракеристики на инсекти (ПЧЕЛА)
  • Да се потикне инцијативност,креативност,трпеливост при реализација на активностите.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето кажува неколку примери како соработува  со своите врсници
  • Детето набљудува и опишува карактеристики на живиот свет(инсект-Пчела)
  • Детето успешно работи со ножици и ги користи палецот и показалецот при работа со материјали од хартија.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес415
Вчера382
Оваа недела2517
Овој месец7494

Моментално посетители

2
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња