ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА
ДАТА: 27.05.2020
РЕАЛИЗАТОР: Валентина Божиновска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Пристап кон учење
СТАНДАРД: Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства
НАСЛОВ НА ТЕМА: ВОЗИЛО НА БРЗАТА ПОМОШ
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/ разговор
* Потребни материјали:
- слики
- илустрации
- детска литература
- едукативна емисија
ВОЗИЛО НА БРЗАТА ПОМОШ
Повредени и тешко болни – случаи најитни, за ова брзо возило – секогаш се најбитни. Болниот додека мигне, помошта ќе му стигне.
СПЕЦИЈАЛНИТЕ ВОЗИЛА СВИРАТ
Оддалеку се слушна една песна што девојчето ја свиреше на пијано. Од гранките ѕирка една црна птица. Дали е дете или кукавици? Си пееше девојчето. Но музиката одеднаш запре. Децата почнаа да слушаат друг звук. Ова „Ти-ну-ни-ну, ти-ну-ни-нууу“ се слушаше се погласно. Ова не е пијано, а не е ни дете што пее... Набргу сите автомобили и пешаци застанаа. Покрај нас брррргууу помина едно специјално возило. Тоа беше амбулантно возило што брзаше да помогне некому.
https://www.youtube.com/watch?v=JySNU2nCXGY&t=173s
https://www.youtube.com/watch?v=nwO1oY8NNcQ
2. Практична креативна активност:
* Потребни материјали:
- Серија на слики
- Ликовен материјал: водени акварел бои, бела хартија, четка, празни тетрапак амбалажи, ножички, лепило, хартија во боја.
Според дадената слика. На бел лист нацртајте контура на возило. Потоа преку демонстрација покажете му на детето како да ги користи водените бои, односно да ја обои зададената контура од специјалното возило. Амбалажата обложете ја со бела хартија. Потоа од хартијата во боја исечете форми и залепете ги на амбалажата.
3. Музичка игра:
- Ало амбуланта
https://www.youtube.com/watch?v=N1P6BDRSPeM
https://www.youtube.com/watch?v=AI1hoB2BC4w
https://www.youtube.com/watch?v=f8rGthQbjgA
ЦЕЛИ:
- Стекнување на основни знаења за специјалните превозни возила,препознавање, именување, усогласување на карактерот на слухот, богатење на речникот и мисловниот процес.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Децата развиваат личен интерес кон одредени нешта.
- Детето поставува прашања за работи кои прв пат ги забележува.