ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ВИДОВИ СООБРАЌАЈ
ДАТА: 13.05.2020
РЕАЛИЗАТОР: НАТАША ПОПОВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Пристап кон учење.
СТАНДАРД: Детето може да научи нови работи и да стекне нови искуства.
НАСЛОВ НА ТЕМА: ВОЗДУШЕН СООБРАЌАЈ
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра
- Што е тоа воздушен сообраќај?
- Што е тоа аеродром?
* Потребни материјали: слики, илустрации, детска литература.
Воздушниот сообраќај нема долга историја. Тој е најнов и најбрз вид на сообраќај.
Отсекогаш постоеле желби и обиди луѓето да летаат како птиците.
Во воздушен сообраќај спаѓаат следниве воздухопловни средства: воздушен балон, авион, хелихоптер, вселенски летала.
Што е Аеродром? Површината на земјата на која е дозволено безбедно полетување и слетување се нарекува Аеродром.
Што се тоа Пилот и Стујардеса? Пилот е човекот кој што го управува воздухопловното летало. Стујардеса е дел од тимот која што се грижи за безбедноста и патниците и останатите потреби на патниците.
2. Практична, ликовна активност:
* Потребни материјали:
- Блок
- Дрвени боички и фломастери
- Хартии во боја
- Ножички.
Техника Оригами: Превиткување на авионче
- Цртање на авион
https://www.youtube.com/watch?v=zUM0_NqphW0
3. Музичка игра: слушање и пеење на песна:
Мајско Авионче
https://www.youtube.com/watch?v=AWqD7XxIVEg
ЦЕЛИ:
- Запознавање со нови поими односно поимот воздушен сообраќај (авион, хеликоптер, пилот, аеродром ).
- Да се поттикне иницијативност, креативност, трпеливост при реализација на активностите, запознавање со поимот и техника оригами.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Децата развиваат личен интерес кон одредени нешта.
- Детето успешно работи со ножици и ги користи палецот и показалецот при работа со материјали од хартија.