Тема на неделата: Сонце, вода, воздух и почва
Дата: 02.04.2020
Реализатор: ЕЛЕНА ГОГОВСКА
АСПЕК НА РАЗВОЈ: Развој на јазикот, комуникација и описменување
СТАНДАРД: Детето може да слуша и разбира говорен јазик
НАСЛОВ НА ТЕМА: ВОЗДУХОТ Е ОКОЛУ НАС
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/разговор
* Потребни материјали:
- слики
- илустрации
- детска литература
ВОЗДУХ
🙂 Воздухот е насекаде околу нас и ние не можеме да го видиме само можеме да го почувствуваме.
Воздухот нема боја, односно е проѕирен, нема вкус и не можеме на го допреме меѓутоа се наоѓа насекаде околу нас.
🙂 Воздухот е неопходен за опстанок на животот на Земјата. Најважен елемент на воздухот за одржување на животот на Земјата е кислородот. Него го користат и растенијата и животните. Животните и човекот не можат да издржат без воздух повеќе од неколку минути. Растенијата, низ процесот фотосинтеза, се најголеми производители на кислород.
🙂 Воздухот е гасовита материја составена претежно од азот (78%), кислород (21%); останатиот 1% го сочинуваат материи како јаглероден диоксид, водород, хелиум, водна пареа и други.
2. Практична креативна активност:
* Потребни материјали:
- балон
- шпатули или цевка
- хартии во боја
- лепак
- ножички
🙂 Дуваме балон и кажуваме дека балонот а наполнет со воздух.
🙂 Изработка на ветерница:
https://www.youtube.com/watch?v=VjpTKrdm5Kc
3. Музичка игра:
🙂 Дувни ветре развигорче:
https://www.youtube.com/watch?v=p3ne4EefHXE
ЦЕЛИ:
- Да се поттикне активно слушање и разбирање на говорот од страна на возрасен.
- Да се поттикне иницијативност, креативност, трпеливост при реализација на активностите.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето се вклучува во разговорот, го разбира она што го слуша и соодветно реагира.