Галерија

Водата во природата

Тема на неделата: Сонце, вода, воздух и почва

Дата: 30.03.2020

Реализатор: Елена Гоговска


АСПЕК НА РАЗВОЈ: Пристап кон учење


СТАНДАРД: Детето може да учи на различни начини од сопствени искуства.


НАСЛОВ НА ТЕМА: ВОДАТА ВО ПРИРОДАТА


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература
  • интернет

🙂 ВОДА

Без вода нема живот. Без вода не можат ниту растенијата, ниту животните, а ниту пак ние луѓето. Најголем дел од површината на Земјата е покриен со вода. Поради тоа, набљудувана од голема висина нашата планета изгледа целосно сина, па оттаму заради големата површина на вода нашата планета го добила името Сина планета. Над 70 % од површината на земјата е покриена со вода но, иако навидум вода има во изобилство таа е солена вода која ги опфаќа морињата и океаните.

Дали знаете во кои овошја и зеленчуци има најмногу вода?

Зеленчук: краставица, спанаќ, домат, марула, целер, морков и брокула.
Овошје: лубеница, банана и цитрон.

Водата се среќава во три агрегатни состојби: течна, гасна (водна пареа) и цврста (мраз).

Интересни факти за водата 🙂

1. Просечниот човечки мозок содржи околу 78% вода.

2. Сунѓерот добира повеќе ладна, отколку топла вода.

3. Жирафите и стаорците можат да издржат повеќе време без вода, отколку камилите.

4. Се чувствуваме жедни кога телото ќе изгуби 1% вода.

5. Топлата вода замрзнува побрзо отколку ладната.

6. Бананата содржи 75% вода.

7. Горилата и жирафите не знаат да пливаат.


2. Практична активност:

🙂 Експеримент за водата и воздухот:

https://www.youtube.com/watch?v=2xF-JZ5rsBA

voda online nastava 


3. Музичка игра:

🙂 Кап кап

https://www.youtube.com/watch?v=uHmxZZOW-Kg


ЦЕЛИ:

  • Стекнување и проширување на информациите за потесната и пошироката средина преку набљудување, истражување, експериментирање и манипулација.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето употребува најразлични методи за да ги изрази сопствените идеи (раскажува, црта, пее).

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес103
Вчера212
Оваа недела315
Овој месец2390

Моментално посетители

4
Онлајн

2024-12-10

Политика за колачиња