ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Здравје и здрави навики
ДАТА: 15.06.2020
РЕАЛИЗАТОР: ЕЛЕНА ГОГОВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Физичко здравје и моторен развој.
НАСЛОВ НА ТЕМА: Во здраво тело здрав дух.
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра, разговор.
* Потребни материјали:
- слики
- илустрации
Спортувањето носи најголеми придобивки кај децата, почнувајќи од физичкото и од психолошкото здравје, се до социјалниот аспект од животот. Влијае на поттикнување на социјалното однесување, успехот во училиште, јакнење на карактерот, самопочитување и самодоверба, усвојување морални вредности, навики за здраво живеење. Како што напредува физичкото созревање кај децата, така се подобруваат сите сегменти на грубиот моторен развој како што се: одење, скокање, трчање, качување, протнување итн. Проблемот со неактивноста и постојаното седење е секојдневен проблем кај децата на предучилишна и на училишна возраст. Имено, физичката активност и спортувањето се важни токму за тие да растат и да се развиваат правилно за во иднина да немаат проблеми со прекумерна тежина, искривувања на ’рбетот, како и за зголемувањето на флексибилноста на телото и зајакнување на коските и на мускулите.
2. Практична, физичка активност.
Вежбајте со вашите деца дома според следните линкови:
https://www.youtube.com/watch?v=oc4QS2USKmk
https://www.youtube.com/watch?v=5XCQfYsFa3Q
https://www.youtube.com/watch?v=h4eueDYPTIg
https://www.youtube.com/watch?v=BDYd2qFR45o
ЦЕЛИ:
- Поттикнување и негување на фината и грубата моторика кај децата.
- Охрабрување децата да се вклучат во физичките активности.