Галерија

Вежби за правилен изговор

Вежби за правилен  изговор (артикулација) на гласот Л

(од 4-6 годишна возраст)

Почитувани другарчиња, денес ќе ви дадам една едноставна вежба за правилен изговор на гласот Л, како и негова примена во исказ.

При формирање на гласот Л учествуваат:  јазикот, долната вилица, мекото непце и гласните жици. Нивната положба е следната: устата е средно отворена, врвот  на јазикот е раширен и се потпира на горните алвеоли и предниот дел на тврдото непце

Ајде сега да вежбаме: повторувај по мене јазикот наместете го на внатрешната страна од горните предни запчиња па дури можете и врвот на јазикот нежно да го гризнете:

Слоговна вежба- иницијална положба

  • Ла –ла –ла
  • Ле –ле –ле
  • Ли –ли –ли
  • Ло –ло –ло
  • Лу –лу -лу

Зборовни вежби

-иницијална положба пред вокалите :

Липа                    лепак                 лав                   локум                 лук

Лист                     лебед                ластик             ловец                  лути

лимон                 лесно                 ланче               лопата                лушпа


Слоговна вежба – медијална положба

-ала, але, али, ало, алу

-ела, еле, ели,ело,елу

-ила, иле, или, ило, илу

-ола, оле, оли, оло, олу

-ула, уле, ули, уло, улу


Зборовни вежби :

кола               коли              теле                село                  милува

сила               моли             пиле               мало                 олук

Мила             боли              Коле               мило


Функционална примена на фонемата Л во исказ:

1.Лавот лови антилопа.

2.Во собата свети ламба.

3.На шпоретот има лонец.

4.Лазо купи нова кола.

5.Мила и Милан седат на клупа.

6.Липата мириса пријатно.

7.Лена пие липов чај.

8.Коле гали пиле.


Еве Ви една песничка за  функционална употреба на гласот Л

Ластовичка лета

Летото брзо ни мина,

Ластовичката си замина.

Кон југ таа лета, лет, лет

Кон топол и сончев свет.

Ластовичката лета,

Облакот солзи рони.

Жолти лисја паѓаат

Есента силно ѕвони.


Раскажување по серија слики со примена на глас Л

1234


Л- Лавиринт

56


Боенка- приказна по слики за усвојување глас Л

78

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес334
Вчера382
Оваа недела2436
Овој месец7413

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња