Галерија

Весели Цветови - Весели деца

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: РАСТЕНИЈА И ИНСЕКТИ
ДАТА: 28.08.2020
РЕАЛИЗАТОР: ЕМИЛИЈА НИКОЛОВА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: КОГНИТИВЕН РАЗВОЈ И СТЕКНУВАЊЕ НА ОПШТИ ЗНАЕЊА


НАСЛОВ НА ТЕМА: ВЕСЕЛИ ЦВЕТОВИ-ВЕСЕЛИ ДЕЦА


 1. Говорна игра-разговор,

* Потребни материјали: Серија слики, енциклопедии,

img 1

Цветот е видоизменет извадок со ограничено растење кој се образува од врвното стеблено тврдо ткиво кога тоа ќе достигне репродуктивна зрелост. Формирањето на цветните елементи најчесто има строг редослед-прво се формираат надворешните, а последни елементите од внатрешниот круг. Цветот за стеблото е обично прикрепен со цветна дршка, а доколку таа отсуствува велиме дека се тоа присоединети цветови. Дршката завршува со силно скусен и проширен дел со слабо изразени нодиуми, на кој се подредени останатите цветни елементи познати како цветна ложа. Цветни елементи на цветната ложа можат да бидат заштитни и репродуктивни елементи.


Приказна

Елена и цветовите во ливадата

Јас сум Елена. Јас сум дете, така велат: мама, баба, тато и учителката... Знам дека треба да играм, да пеам, да осознавам и творам за да пораснам. Но нешто не ми е јасно? “Ти си мојот најубав цвет”. Па си велам: Е како е можно, јас да бидам и дете и цвет. А цвеќињата се растенија. Но се случи нешто многу убаво, многу поучно и јас сега немам дилема. Ја отворив мојата енциклопедија за растенија. Ги разгледував сите. Но најмногу ги набљудував цвеќињтата. Тие растат на ливада во разни бои, со убави шарени фустанчиња, зелени ливчиња и исправени стебла. Брат ми ми кажа: ливада е место на живеење на цвеќињата, тие се хранат, играат со ливчињата и стеблото, ѕвонат и се сладат од почвата. Тие не се групирани ни по боја, ни по големина, ни по мирис, но сепак се верни другари меѓу себе. Ги отвараат цветните ливчиња и ги насладуваат со најубавиот цветен нектар. Уф, колку убаво ми раскажа брат ми. Јас малку се замислив па му реков: “Бато значи во нашата градинка растеме, се храниме, играме, пеем, учиме, моделираме и се смееме.” Затоа мама ми вели:” Ти си моето весело цвеќе-моето весело дете.”


Стихотворба
Цвеќиња, Цвеќиња...

Градината и градинката
Нешто заедничко имаат.
Тоа се цвеќињата,
Сите со радост што ги примаат.

А кави се цвеќиња има?
Разни по форма, по изглед и боја
Подолго и покртко што цветаат,
Наведнати и исправени што стојат.

Ене, во градините никнат и растат
Каранфили, зумбули, рози,
Лалиња, јаглики, синолички,
Орхидеи, бели ради, мимози...

Цветаат истиве и во градинките
Во дворовите нивни-рој цвекиња никнат.
Но таму цветаат и многу други ЦВЕТОВИ,
Кои често надвор, во игра ќе бликнат

Цвета, Цветан, Јаглика,
Орхидеја, Јасмина, Роза,
Божурка, Јагода, Рада,
Синоличка, Невен, Мимоза.

И не само тие,
Што имаат имиња на цвеќиња.
Цвеќиња сте сите вие,
Сите вие дечиња!


 ХИМНАТА НА ВЕСЕЛИ ЦВЕТОВИ

Наше најубаво место
Е нашата градинка
Низ игра, низ песна,низ смеа,
Времето ни минува

Весели цветови сме ние
Играме и пееме
Весели цветови сме ние
Весело живееме.


 https://youtu.be/94qQGIfH3fQ

https://youtu.be/Hsmz5fZURKI

img 2

img 3


2. Практична креативна активност, физичка игра, музичка игра, цртан филм, стихотворба и слично по ваш избор.

* Потребни материјали: Хартија во боја, лепак, ножици, боици

https://youtu.be/uqXgzL3x0Lo

https://pin.it/348YLmX


Цели:

Да се оспособува за систематизирање и поврзување на стекнатите знаења.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес218
Вчера382
Оваа недела2320
Овој месец7297

Моментално посетители

3
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња