ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје втора година по ред успешно го реализираше меѓународниот проект Say Hello to the World. Оваа година се вклучија уште повеќе вработени заедно со децата од воспитните групи од објектите Сончоглед и Синоличка. Во објектот Синоличка, покрај учеството на децата од воспитната група 3-4 години, активно учество земаа децата и од воспитната група 5-6 години, каде реализатори на активностите беа Ирена Василевска - воспитувач и Весна Блажевска - социјален работник.
Воедно, менторите Весна Блажеввска - социјален работник, Елена Гоговска - воспитувач и Клементина Петрушевска - воспитувач, го пренесоа своето знаење и успеаа да поврзат уште една градинка од Република Северна Македонија со носителот на проектот ФИНИ Институт од Република Словенија. Како резултат на успешното вмрежување со градинки од Република Србија, Естонија и Република Турција, ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје се здоби со уште едно признание - ТОЛЕРАНТНА ГРАДИНКА! Со ова покажуваме дека инклузијата не е само термин, туку дека ја применуваме со вклучување на сите деца, искористувајќи ги сите нивни можности и потенцијали.
Следната година е планирано да се вклучат други вработени со децата од воспитните групи.

