„Весели Цветови“ доби благодарница од ЕКО-ЛОГИК за еко-едукација
Пред повеќе од една година започна една АКЦИЈА која веќе прерасна во ПРАКТИКА, а крајната цел е ЕКО - ЕДУКАЦИЈА на возрасни!
Оваа успешна приказна, со поддршка на Здружението на граѓани ЕКО- ЛОГИК, кое препозна искрени поддржувачи на нивната мисија, две вработени во ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје кои како визионери за давање придонес во обезбедување здрава животна средина, ги вклучи во Еразмус+ проектот ГЕА - Развој на еколошко свесни возрасни. Тоа се Елена Гоговска - воспитувач во нашата предучилишна установа и Весна Блажевска - социјален работник вработена во истата.
Како резултат на посветеноста во подигнување на свеста од важноста на здрава и квалитетна животна средина, пред се за децата од најрана возраст, од што зависи нивниот целокупен развој, на 30.10.2025 година Здружението на граѓани ЕКО - ЛОГИК додели БЛАГОДАРНИЦА за придонес во спроведување на програмата за еколошко образование на ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје.
