Галерија

Велосипед и тротинет

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА:  ЛЕТНИ ИГРИ

ДАТА: 31.07.2020 год.

РЕАЛИЗАТОР: ЗОРИЦА ГУНОВ


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења


НАСЛОВ НА ТЕМА: МОЈОТ ВЕЛОСИПЕД


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра - разговор по слики

* Потребни материјали

  • Слики од велосипед, тротинет, ролерки
  • Сообраќајни знаци
  • Велосипед
  • Разговараме со децата за тоа дека и тие се учесници во сообраќајот и ги прашуваме со што тие можат да управуваат. Набљудуваме слики од велосипед, тртинет, ролерки и децата ги именуваат.

Како изгледа мојот велосипед – говорна игра - опишување

Продолжуваме со проширување на детските знаења за правилата на возење велосипед ( возење по велосипедска патека, носење на  заштитен шлем на главата и заштита за колниците, почитување на сообраќајни знаци, кога е темно да се вози со светла)

На децата им ги покажуваме сообраќајните знаци за Велосипедска патека и Велосипеди на патот.

1
2
3

2. Практична креативна активност

* Потребни материјали:

  • Празна картонска амбалажа , стари весници, лепило, ножици

 Мојот велосипед – правиме велосипед од рециклиран материјал

https://www.youtube.com/watch?v=1_oxky-Su8o


3. Натпреварувачка игра

 Кој прв до целта – натпреварувачка игра со велосипеди

* Потребен материјал,

  • Велосипеди со  различна големина

4

Правиме велосипедска патека – игра со конструктивен материјал

* Потребен материјал

  • Различен конструктивен материјал

4. Музичка игра

Велосипед и тротинет - музичка игра   Ја слушаме песничката од Златно славејче 2010 год.

* Потребен материјал

  • Аудио или видео снимка од песничката

https://www.youtube.com/watch?v=-yFDJ0o68JQ


ЦЕЛИ:

  • Создавање на основни претстави од областа на сообраќајната култура
  • Поттикнување на детската креативност и имагинација
  • Развивање на желба за слушање, учење и пеење на познати песнички

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес281
Вчера382
Оваа недела2383
Овој месец7360

Моментално посетители

5
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња