Галерија

TOY FREE MONTH - објект Сончоглед

Успешна реализација на проектот TOY FREE MONTH во воспитните групи 5-6 и 4-5 години - објект Сончоглед🌻

Во период од месец Ноември и Декември 2025 година во соработка со децата и родителите беа реализирани активности за креирање и игра со неконвенционални играчки и игри во кои децата беа поттикнати на креативност, развивање на вештини, поттикнување на имагинација и развивање на еколошка свест. Играчките и игрите беа креирани од рециклирана амбалажа и природни материјали. Децата играа и учеа преку игра на нов начин кој ја разбуди нивната креативност и фантазија и придонесе за развивање на компетенциите во сите аспекти на детскиот развој. 
Голема благодарност до сите родители за соработката и големо БРАВО за вредните рачиња на нашите креативни дечиња.
Се радуваме сите за нашите ТFM Амбасадори! 🏆
 

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес135
Вчера357
Оваа недела2831
Овој месец6549

Моментално посетители

1
Онлајн

2026-02-14

Политика за колачиња