Галерија

Топло ладно

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: МАЛИ ИСТРАЖУВАЧИ

ДАТА: 20.08.2020

РЕАЛИЗАТОР: Весна Зафировска


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазик, описменување  и комуникација


НАСЛОВ НА ТЕМА: ТОПЛО-ЛАДНО


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра, разговор

* Потребни материјали:

  • серија слики
  • текст
  • откривачка игра

Преку неколку  искуствени  активности да им го доближиме детското знаење  за односот те. спротивноста топло-ладно.

Примери:

Ќе понудиме две чаши, со сладолед и топол чај.1

Децата треба да откријат преку сетилата за вкус што е топло, а што е ладно!

Во еден сад да ставиме коцки мраз, а во друг топла вода.

2
3

Децата да откријат преку сетилото за допир што чувствуваат кога ќе ги допрат коцките мраз,а што кога ќе ја допрат топлата вода.

Kај децата преку овие две откривачки игри ќе стимулираме сензорно  искуство за спротивната релација топло - ладно.

Tекст:  ТОПЛО Е, ЛАДНО Е

Другарчиња мои едно необично девојче по име Маре постојано велеше топло е, ладно е.Поради тоа сите ја задеваа. Само дедо и Столе ја бранеше својата миленичка.Тој прекрасен дедо се знае, со трпение се објаснува и покажува.Ја седнува наспроти него и разговара со неа.

-  ,,Топло –ладно е спротивно и различно,,-рече дедото.

-  ,,Како тоа е спротивно дедо,,- праша Маре?

Еве вака…почна да раскажува дедо Столе:

  Кога сонцето на лето силно свети,тоа затоплува се и почвата и водата и предметите.Од топлината тие се менуваат ,се шират.Таа топлина се пренесува секаде. На луѓето и животните им станува многу топло , па тие сакаат да се разладат .Затоа луѓето носат лесна облека и обувки,пијат ладни сокови и вода,пливаат во вода за да го разладат телото , во домовите вклучуваат клима за да ја разладат просторијата.Во лето кога е топло најубав е ладниот сладолед.

  Но затоа кога во зима е многу ладно снегот и мразот не се топат.Луѓето мора да го затоплува својот дом со печки или радијатори, да носат топла облека( капа, шал,ракавици,чизми) за да го затоплат целото тело.Нозете, рацете,ушите и носот да бидат покриени! Затоа што со кожата од телото го чувствуваме ладното и топлото.Ти Маре треба да се стоплиш со топла супа и да пиеш топол чај и какао!

Тоа е спротивно од сладоледот и ладниот сок.Топло е различно од ладно!

-,,Ти благодарам, дедо што научив што е топло, а што ладно.,,-рече внуката Маре

ПРАШАЊА:

  • Што носиме кога е топло?
  • Со што се затоплуваме ,кога е ладно?
  • Децата да набројат предмети кој асоцираат  на топло и предмети кој асоцираат на ладно!
  • Да направат избор помеѓу облека за топло и ладно.

4

5


2.  Креативна истражувачка активност- експерименти

* Потребни материјали:

  • Сад со ладна вода
  • Сад со топла вода
  • Коцка мраз во сина боја

Топење на коцки мраз во топла и ладна вода - научен експеримент за деца

Едноставен експеримент за наука за учење базиран на игра за мали деца, набљудувајќи обоени коцки мраз што се топат во топла и ладна вода. Тие откриваат дека мразот се топи побрзо во врелата вода…

6

Направете го експериментот за научни балони со децата.

Таков забавен, едноставен научен експеримент за деца.

Кофата со црвена налепница има топла вода. Другата без никаква налепница има ледена вода.  Со преместување на  шишето помеѓу ладна и топла вода, балонот се шири и стеснува.

7


3. Подвижна игра: Скриен предмет ( топло –ладно).

* Потребни материјали:

  • предмет (играчка)

Во просторијата се крие предмет (играчка),кој е избран претходно. Целта е детето со поглед да истражува, да се движи и да го бара предметот во просторот ,слушајќи ги насоките од возрасниот со антонимите Топло - за блиску до предметот и Ладно за оддалеченост од предметот.


4. Ликовна активност : Топло и ладно спротивна игра

За оваа игра е потребно:

  • стари списанија
  • ножици
  • лепак
  • лист од блок бр.5

Да се исечат со ножици топли и ладни предмети од списанија или весници. На преполовен лист од блок бр.5 да се залепат соодветно предметите.

8


ЦЕЛИ:

  • Децата да развијат способности за разбирање на значењето на непознати зборови.
  • Да се поттикнат да прашуваат и употребуваат антоними.
  • Да се јакне самодовербата и фантазијата на детето.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес241
Вчера382
Оваа недела2343
Овој месец7320

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња