Галерија

Тема Сликовница

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА : ОМИЛЕНИ ПРИКАЗНИ, БАСНИ, СКАЗНИ И ПЕСНИ

ДАТА: 03.08.2020 г.

РЕАЛИЗАТОР : ЈУЛИЈАНА ДИМИТРИЕВСКА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Физичко здравје и моторен развој.


НАСЛОВ НА ТЕМА: Омилена сликовница, создаваме сликовница


АКТИВНОСТИ:

1. Говорна игра, разговор.

* Потребни материјали:

- слики

- илустрации

- детски сликовници

image001

  • Сликовницата е книга со илустрации наменета за деца. Всушност таа е првото ликовно-литературно дело со кое детето се среќава во животот, со која, на некој начин му се отвара прозорец кон надворешниот свет. Затоа е особено важно децата уште од најраната возраст да бидат опкружени со што поголем број квалитетни сликовници.
  • Содржината на  сликовницата е едноставна и прилагодена на децата според нивната возраст. Приказната во сликовницата може да биде претставена и без текст, односно само со илустрации, или покрај нив да има и текст, но тој е во втор план. Децата ги забележуваат сликите пред говорот, па затоа сликовницата за помладите  треба да содржи повеќе слики, а помалку текст, краток и во функција на разбирање на илустрациите.
image002
image004
  • Сликовницата може да биде со најразлична содржина (на пр. за околината, за природата, за животните, или некоја фантастична приказна) , но секогаш во неа е вткаена некоја поучна порака за најмаладите. Исто така, тие можат да бидат направени од хартија, картон, различни видови пластика, ткаенина.
image006
image007
  • Според изгледот, сликовниците може да бидат во разлицни облици, дводимензионални, тродимензионални, да се отвараат како хармоника, да се отвараат разни прозорчиња со сликички, може  да бидат музички.
image008
image009

* Во една добра сликовница треба да се хармонично обединети ликовно-естетските и воспитно-образовните квалитети. Илустрациите треба да ги истакнат суштинските особинина она што се прикажува. Добрата сликовница прилагодена на развојните можности на детето, допринесува за:

  • стекнување нови сознанија за светот што го опкружува
  • збогатување на речникот и говорните способности
  • љубов кон книгата и читањето
  • развој на способноста на запазување, вниманието, памтењето, размислување, логичко заклучување, разбирање на причинско-последичните врски меѓу појавите
  • збогатување на фантазијата и развој на креативното мислење
  • развивање на емоциите и развој на креативното мислење
  • усвојување на морални вредности и хумани пораки
  • создавање на желба за преработка на доживеаното низ разлицни облици на изразување – пишување, сликање, имитирање во игра на улоги, движење, пеење.

2. Практична, креативна активност

* Потребни материјали:

  • картон за корици
  • листови во боја
  • ножички и лепак
  • украсна врвка за врзување
  • разни сликички (според темата на сликовницата), боички, стикери или некои други додатоци за украсување
image010
image012
image013
image015

Најнапред се зема картонот за корица и врз него се ставаат другите листови (бели или во боја), се превиткуваат на пола и се прават дупчиња низ кои се протнува лентата која ќе ги држи листовите.

Сликовницата може да биде со разна форма и тематика, на пр. да се залепат сликички со сообраќајни средста, сликички за животните, за морскиот свет или пак детето само да ја нацрта.

image017
image019

На крајот украсете ја корицата, смислете име на сликовницата и секако да не го заборавиме името авторот.

image021
image023

3. Читаме сликовница, говорна игра

https://www.stepbystep.org.mk/WEBprostor/slikovnici/Na%20Gradskite%20Ulici%20MK/NaGradskiteUlici.html#

https://www.youtube.com/watch?v=gwWzqujvClA


ЦЕЛИ:

  • Да се поттикне да држи ножички со едната рака и да сече хартија по зададена линија,
  • Да се развива способноста да витка, тутка и лепи хартија и други материјали,
  • Да се развива детската фантазија и креативност.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес297
Вчера382
Оваа недела2399
Овој месец7376

Моментално посетители

6
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња