ТЕМА НА НЕДЕЛАТА "Овошје, зеленчук, здрава храна"
ДАТА: 26.06.2020
РЕАЛИЗАТОР: Анета Апостолска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазикот, комуникација и описменување
НАСЛОВ НА ТЕМА: "Свежи цедени сокови"
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/ разговор
* Потребни материјали:
- сликовница
- слики во сликовницата
- корпа со овошје - природно овошје - лимон, портокал, цитрон, лимета, мандарина
- детска литература - "СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА СЕ ХРАНИ ЗДРАВО", - Сликовница од ПРОСВЕТНО ДЕЛО - ДЕТСКА РАДОСТ.
ЦРВЕНО-ЖОЛТА КАВГА - говорна игра - читање на приказна
- Леле ама си пожолтела!-едно јаболко на дуњата и рече.-Сигурно многу си болна,сестро...Чинам од гранката ќе паднеш до вечер.
- Не сожалувај ме!-дуњата му врати.-И потешка и поздрава сум од тебе барем десет пати! Навистина поцрвено од мене ти си,ама тоа не значи дека на дрвото подолго од мене ќе висиш!
Една крушка кантарушка, доцна наесен што зрее,чу што зборуваат јаболкото и дуњата и почна да се смее - Во животот, драги мои - им рече -ништо вечно не е. Сонцето за сите нас еднакво,топло не грее. Од рана пролет па до првата слана,тоа не полни со витамини,не прави здрава храна! Важно е што јас и вие двете,штом ќе узрееме,ќе израдуваме некое дете!Не барајте си еден на друг мана,секое овошје е супер здрава храна.
2. Практична креативна активност:
"ПРАВИМЕ СВЕЖИ СОКЧИЊА ОД ОВОШЈЕ ПОЛНО ВИТАМИНИ"
* Потребни материјали:
- Природно овошје-лимон,портокал,цитрон,лимета,мандарина.
- цедалка за овошје
- нож за пресекување на овошјето
- вода
- чаши
- цевки во боја
- маса
- столчиња
По направените природни сокови следи "ДЕГУСТАЦИЈА НА СВЕЖИТЕ СОКОВИ" - со слушање на Детската песна- "Вита, вита, витамини".
- Касетофон, цд, телевизор - мобилен.
3. "МАТЕМАТИЧКА ГОВОРНА ИГРА ОД ЗАБАВЕН КАРАКТЕР"
ОВОШЈЕ - ЛИМОН, ПОРТОКАЛ, ЦИТРОН, ЛИМЕТА, МАНДАРИНА.
- Препознавање и именување на овошјето
- Препознавање и именување на бојата на овошјето
- Препознавање и именување на формата на овошјето
ЦЕЛИ:
- Да се развива способноста за слушање и разбирање на говорниот јазик.
- Да се оспособува за правилно разгледување на сликовницата вртејќи ги страниците една по една, од напред кон назад.
- Да се развиваат способности за класификација според боја, форма, големина, вид и род.
- Да се оспособи за примена на здрави и безбедни практики.
- Да се развива способност за пеење на песни со едноставен ритам и умерена јачина на гласот.