Галерија

Субдомени

Почитувани родители,

Во моето претходно обраќање најпрво се запознавме со Националната програма за ран детски развој, се запознавме со дефинирањето на аспектите , со тоа укажавме што сакаме да вреднуваме и какви сакаме да бидат нашите деца. Во рамките на секој посебен аспект може да се разгледуваат и субдомени, кои се однесуваат на некоја развојна специфичност.

Тоа се следните субдомени :

Аспект – Здравје и моторен развој

Субдомени :

  1. Груб моторен развој со кој децата се движат во просторот и воспоставуваат контрола на рамнотежата и координацијата на делови од телото, при одење, трчање, скокање, качување по скали.
  2. Фин моторен развој со кој децата постепено стекнуваат вештини како да ги користат дланките и прстите во изведување на попрецизни моторни активности (фаќање, пишување, откопчување,закопчување,сечење).
  3. Здраво и безбедно однесување со кое децата започнуваат да разбираат како дневните активности и безбедните практики влијаат врз целокупното здравје.
  4. Сензомоторен развој со кој децата го запознаваат светот околу нив, при что клучен аспект воспоставување на координација очи-раце.

Аспект – Социоемоционален развој

Субдомени :

  1. Социјален развој со кој детето воспоставува интеракција со социјалната средина и личностите што го опкружуваат.
  2. Емоционален развој со кој детето ја развива перцепцијата за себе и своите емоции.

Аспект – Пристап кон учење

Субдомени :

  1. Љубопитност и иницијативност, детето сака да да научи нови работи и дава сам иницијатива за нови работи.
  2. Креативност и истрајност

Аспект – Јазик ,комуникација и развој на писменост

Субдомени :

  1. Комуникација со која детето соодветно одговара на говорниот јазик, започнува да го разбира, демонстрирајќи говорни вештини, во комуникацијата со околината.
  2. Читање со помош на кој се развива интересот кон печатени материјали и препознавање на пишани симболи и букви.
  3. Пишување со помош на кој детето започнува активности ,кои понатаму се развиваат во вештини за пишување, преку кои искажува одредени идеи.

Аспект – Когнитивен развој и стекнување на општи знаења

Субдомени :

  1. Логика и размислување
  2. Математика и броеви
  3. Наука
  4. Уметност

subdomeni 1

 

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес418
Вчера382
Оваа недела2520
Овој месец7497

Моментално посетители

3
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња