ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ШУМСКИ ЖИВОТНИ
ДАТА: 21.04.2020
РЕАЛИЗАТОР: ЈУЛИЈА СМИЉАНОВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Социоемоционален развој
СТАНДАРД: Детето се гордее со своите постигнувања и верува во своите способности.
НАСЛОВ НА ТЕМА: СТРАШЕН ВОЛК
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/ разговор
*Потребни материјали:
- слики
- илустрации
- детска литература
🙂 Волкот е најголемиот претставник од семејството кучиња, кој живее во дивина, а предок е на домашниот пес.
🙂 Глутницата кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за фамилија.
🙂 Иако понекогаш во дивината може да се сретне само еден осамен волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во глутница (група). Нивните мали се раѓаат слепи и глуви, а почнуваат да гледаат по 9 или 12 дена. Многу брзо растат па нивната тежина се зголемува речи 30 пати во првите четири месеци.
🙂 Основната храна на волците ја сочинуваат големите тревопасни животни, при тоа го ловат оној вид кој е најчест на подрачјето на кое живее. Редовно ловат и помали глодари како и зајаци, куни и кртови. Тие напаѓаат домашни животни, и поради тоа голем број на волци се застрелани, заробени и отруени.
🙂 Волците се сметаат за најстрашните негативци во светот на животните. Како и другите диви животни, волците се потпираат на своите сетила, кои ги користат за да ловат и меѓусебно да комуницираат. Тие можат да слушнат друг волк како завива на оддалеченост од најмалку 5 до 6 километри, а нивното сетило за мирис е 100 пати поизострено од човечкото. Волците се легендарни поради нивното завивање од кое не полазуваат морници, кое тие го користат за да комуницираат.
Осамен волк може да завива за да го привлече вниманието на неговата глутница.
🙂 Исто како и лаењето кај домашните кучиња, и волците може да започнат за завиваат само поради тоа што друг волк во близина веќе завива.
🙂 Во детската литература, лошотијата и глупавоста на волкот се опеани, раскажани и исмеани низ бројни приказни, сказни, басни, песнички. Најпознати се:
„Лисицата и волкот“ - македонска народна приказна
„Волкот и седумте јариња“ – сказна на браќата Грим
„Волкот и лисицата“ – сказна на браќата Грим.
„Волкот и јагнето“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп
,,Црвенкапа и волкот,,
,,Волкот и трите прасиња,, и многу други.
2. Ја гледаме сказната ‘’ ВОЛКОТ И ЕЛЕНОТ ’’
https://www.youtube.com/watch?v=h1F1sAh_3JQ
3. Музичка активност
ВОЛКОТ ЛОШ
https://www.youtube.com/watch?v=kNsjvx59k8o
4. Практична креативна активност
🙂 Изработка на маска ,,Страшниот волк,,
*Потребен материјал:
- картон,
- ножици,
- фломастери,
- ластик.
Пример:
https://www.pinterest.com/pin/108367934771359625/
ЦЕЛИ: Да се поттикнува да искажува радост и задоволство од успешно извршената работа.
ИНДИКАТОРИ: Детето ја презентира завршената задача на возрасен (учител, родител).