Среќен роденден градинке наша мила.
Ликовна игра, изработка на честитка од дечињата за роденденот на нашата градинка "Весели цветови".
Објект: Кокиче
5-6 години
Воспитувач: Елена Гоговска
Негувател: Верче Богдановска
Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.
По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев".
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.