Галерија

Сорабтока со Центарот за семејно и детско згрижување КМОП

„По успешна сорабтока со Центарот за семејно и детско згрижување КМОП - Македонија, на ден 18.09.2025 година, се оствари средба во просториите на ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје. На средбата присуствуваа: В.Д. Директор на предучилишната установа г-ѓа Емилија Николова, претседателката на КМОП - Македонија, г-ѓа Кристина Василевска, проектен координатор на КМОП, г-ѓа Васка Бојаџи, советник од Одделението за образование при општина Кисела Вода, г-ѓа Валентина  Цветковска и соработник - правник г-дин Никола Јовановски, стручен работник - социјален работник од предучилишната установа, г-ѓа Весна Блажевска и воспитувач во предучилишната установа, г-ѓа Габриела Стојановска. На средбата се водеа конструктивни разговори во насока на продлабочување понатамошната соработка, креирање на нови иновативни проектни идеи со цел унапредување на воспитно-образовната дејноста која ќе овозможи квалитетен раст и развој на децата. Големо беше нашето изненадување што претставниците од КМОП - Македонија во знак на плодотворната соработка дадоа голем придонес во вид на донација од работни материјали за децата од предучилишна возраст на нашата установа. 
Како предучилишна установа, која секогаш е отворена за соработка, изразуваме огромна почит кон она што како мисија и визија го работат посветените претставници на КМОП - Македонија."

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес158
Вчера362
Оваа недела520
Овој месец6234

Моментално посетители

4
Онлајн

2025-10-14

Политика за колачиња