ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ВИДОВИ СООБРАЌАЈ
ДАТА: 12.05.2020
РЕАЛИЗАТОР: КЛЕМЕНТИНА ПЕТРУШЕВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Социоемoционален развој
СТАНДАРД: Детето се гордее со своите постигнувања и верува во своите способности.
НАСЛОВ НА ТЕМА: СООБРАЌАЈ ВО ВОДА
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/разговор
* Потребни материјали:
- слики
- илустрации
- детска литература
Што е тоа сообраќај на вода ?
Воден сообраќај претставува пренесување на луѓе и материјални добра преку вода; како на пример преку океани, мориња, езера и реки. Сообраќајот на вода може да биде речен и поморски или прекуокеански.
Според намената водениот сообраќај се дели на:
- Средства за патнички сообраќај во кој спаѓаат туристички бродови, излетнички викенд бродови, брзи пловни бродови, речни бродови, комбинирани патничко-товарни бродови.
- Средства за товарен сообраќај во кој спаѓаат транспортни бродови за превоз на различни видови на товар.
Развојот на водениот сообраќај започнува со обидите на луѓето да ги совладуваат водените простори со изградба на примитивни сплавови. Подоцна се пристапило кон градење и користење кајаци кои ги изработувале со вдлабнување на стебла од дрвја.
СПЛАВ
КАЈАК
Подоцна правеле бродови со весла кои се движеле со силата на луѓето. Потоа луѓето научиле да ги користат предностите на ветерот и да ја користат неговата сила за движење на бродовите со едра – галии. Меѓу најпознатите бродови со едра бил бродот на Колумбо, кој се викал ,, Санта Марија,,.
ПОЗНАТИОТ ЕДРЕНИК НА КОЛУМБО
САНТА МАРИЈА
КАНУ СО ВЕСЛА
Подоцна луѓето почнуваат со обиди да направат бродови кои ќе се движат со помош на машини, па така бил создаден првиот пароброд кој се движел со помош на парна машина. Понатаму биле изградени бродови кои го движеле моторот со помош на дизел погон.
Сообраќајот на вода е важен за луѓето бидејќи со него се скратува времето за транспорт на луѓе и материјални добра а со самото тоа станува и поевтино да се стигне до одредени места и земји.
ТРАНСПОРТЕН БРОД
ПАТНИЧКИ БРОД
Местото наменето за паркирање, товарање и истоварање на патници и товар се вика пристаниште. Пристаниште е воден дел кој е поврзан со копното и на него се изградени постојки каде што застануваат и се паркираат бродовите.
ПРИСТАНИШТЕ
И во водениот сообраќај има правила и знаци кои мораат да се следат со цел пловидбата да биде безбедна. Самите бродови се осветлени и имаат радио станици преку кои комуницираат со копното. За безбедно движење користат звучни и светлосни сигнали како што се светилници и светла на бреговите, пловци, сигнални станици и др.
СВЕТИЛНИК
Со бродот раководи група на луѓе која се вика екипаж и тие се грижат сигурноста на пловидбата, луѓето и товарот кој се превезува. Во нашата држава водениот сообраќај се извршува во туристички цели за превоз на патници на езерата. Најразвиен е на Охридското езеро.
2. Практична креативна активност:
* Потребни материјали:
- хартиена чинија
- хартија во боја
- темпера
- лепило
- фломастери
3. Музичка игра:
МОРНАРСКА ПЕСНА
https://www.youtube.com/watch?v=gmHscoWCiw0
4. Логичка игра: Поврзи
ЦЕЛИ:
- Стекнување на сознанија за сообраќајот во вода.
- Стекнување на самодоверба и сигурност во сопствените способности.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето се гордее со своите достигнувања, искажува радост и задоволство од успешно завршената задача.
- Детето препознава и именува средства од воден сообраќај.