Галерија

Сообраќај на копно

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА : ВИДОВИ СООБРАЌАЈ


Дата: 11.05.2020


РЕАЛИЗАТОР : ЈУЛИЈАНА ДИМИТРИЕВСКА


АСПЕКТ НА РАЗВОЈОТ : Физичко здравје и моторен развој.


СТАНДАРД : Детето може да воспостави контрола на движењата на дланките и прстите.


НАСЛОВ НА ТЕМА : СООБРАЌАЈ НА КОПНО


АКТИВНОСТИ:

1. Говорна игра/разговор

* Потребни материјали :

  • слики
  • илустрации
  • детски списанија

kopno 1

Сообраќајот, воопшто, преставува движење на разни превозни средства од едно до друго место, на помала или поголема далечина. Сообраќајот може да се одвива во воздух, по вода и по земја, односно по копно. Токму овој сообраќај кој се одвива по копно се нарекува КОПНЕН СООБРАЌАЈ.

Во копнениот сообраќај учествуваат и пешаците и разни превозни средства како : велосипеди, мотоцикли, автомобили, автобуси, камиони, возови и други.

kopno 2

Копнениот сообраќај може да се одвива во населените места, како градовите, населбите, селата. Но може да се одвива и надвор од нив.

kopno 3
kopno 4

Сите овие учесници во копнениот сообраќај имаат свои посебни патеки по кои се движат. Така на пр. пешаците се движат по тротоарите, велосипедите по велосипедските патеки, автомобилите, автобусите, камионите се движат по обележани улици, односно коловози и патишта.

Бидејќи учесниците во копнениот сообраќај се многубројни, за да има ред меѓу нив и за регулирање на движењето, постојат низа сообраќајни правила, сообраќајни знаци, пешачки премини, сообраќајни полицајци кои помагаат при движењето на возилата.

kopno 5

Во копнениот сообраќај, како учесници ги спомнавме и возовите и нивното движење се нарекува железнички сообраќај. Но тие не можат да се движат по улиците, туку по  специјално направени патеки за нив кои се нарекуваат железнички пруги.

kopno 6


2. Гледаме цртан филм - Ноди и велосипедот на Ушко

https://www.youtube.com/watch?v=Kf71QNa0AeI

kopno 7


3. Практична креативна активност

* Потребни материјали:

  • ролни од тоалетна хартија
  • ножички
  • хартија во боја
  • лепак

Изработка на автомобили од ролна хартија

https://www.pinterest.com/pin/844565736359954077/

kopno 8
kopno 9

На истиот начин може да се направи и воз:

kopno 10


4. Музичка игра :

Автобусот вози секој ден ( Свеќичката Оги )

 https://www.youtube.com/watch?v=FFIDTGC4Nnk&t=29s

kopno 11


ЦЕЛИ :

  • Да се поттикне да ги користи и зацврстува дланките и прстите.
  • Да се поттикне да држи ножички и да сече хартија по зададена линија.
  • Да се поттикнува и развива координираност помеѓу окото и раката.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ :

  • Детето држи молив со палец и показалец и црта линија по зададена форма (круг,правоаголник).
  • Детето држи ножички со едната рака и сече хартија по зададена линија (круг, правоаголник).

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес379
Вчера382
Оваа недела2481
Овој месец7458

Моментално посетители

2
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња