Галерија

Сообраќаен полицаец

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: СООБРАЌАЕН ПОЛИЦАЕЦ

ДАТА: 05.06.2020

РЕАЛИЗАТОР: Емилија Николова


АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување општи знаења


СТАНДАРД:

  • Детето е способно да истражува и открива нови работи
  • Детето го осознава човекот како живо и општествено суштество

НАСЛОВ НА ТЕМА: СООБРАЌАЕН ПОЛИЦАЕЦ  


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/ разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска енциклопедија

Полиција е тело на организирани службеници за одржување на граѓанскиот ред и јавната безбедност, примена на законот и истражување на криминалот. Заедничките карактеристики на повеќето полициски сили вклучуваат квази воена организација, униформирани патроли и сили за контрола на сообраќајот и цивилна облека на начин на одделенијата за криминална истрага и група на приоритети за применување кои се рефлектираат на животот во заедницата. 

Постојат тврдења кој покажуваат дека полицијата настанала во Англија. Во Лондон 1829 год. Е усвоен закон заснован на Метрополитна Полиција, заснована на начелата на познатиот англиски политичар Сер Роберта Пила.


2. Видео запис

https://www.youtube.com/watch?v=hYfUL4YJpqQ

Сообраќаен буквар - Сообраќаен Полицаец “You tube”

Кога семафорот не може да го издржи метежот од сите страни, чичко сообраќаец стапува на сцена, почнува со рацете редот да го брани


3. Полициска сирена 

https://www.youtube.com/watch?v=_mnKzc-nFO0&feature=youtu.be


4. Стихотворба

Сообраќаен Полицаец

Полицаецот е чичко добар
И за ништо не се грижам
Бидејќи он ми овозможува
Безбедно по улици да се движам
Со знакот стоп во рака
Сообраќајот се одвива без мака
Кој на црвено ќе пројде
Тој по него веднаш ќе појде

https://images.app.goo.gl/cEtFa5TQBmxrgJQX8

policaec


ЦЕЛИ:

  • Детето да се запознае и да научи полека за професијата сообраќаен полицаец.
  • Да се оспособува за стекнување на основни сознанија за човекот како природно и социјално суштество.
  • Да се поттикне кон развивање на сообраќајната култура.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето набљудува и дискутира за промените кој што ги забележува.
  • Детето драматизира разни начини на кој луѓето работат одредени професии.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес325
Вчера382
Оваа недела2427
Овој месец7404

Моментално посетители

1
Онлајн

2024-11-23

Политика за колачиња