Галерија

Сонцето сите не грее

Тема на неделата: Сонце, вода, воздух и почва

Дата: 30.03.2020

Реализатор: Елена Гоговска

АСПЕК НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења.


СТАНДАРД: Детето демонстрира интерес за учество во разни форми на визуелна креативност.


НАСЛОВ НА ТЕМА: СОНЦЕТО СИТЕ НЕ ГРЕЕ


АКТИВНОСТ:

1. Говорна игра/разговор

* Потребни материјали:

  • слики
  • илустрации
  • детска литература

🙂 Што е сонцето?

Сонцето е најголемата ѕвезда во нашиот сончев систем. Околу сонцето кружат сите 8 планети. Сонцето е неисцрплива инспирација за човештвото. Кога се работи за Сонцето, најважната работа за повеќето од нас е светлината којашто ја зрачи. Тоа е разбирливо, бидејќи сите знаеме дека без топлите зраци од Сонцето, животот на Земјата би бил невозможен.

Меѓу другото, Сонцето ни ги затоплува океаните, ни ја раздвижува атмосферата, и им дава енергија на растенијата кои не снабдуваат со (неопходен за живот) кислород. Ако сакаме да разбереме зошто сме овде, мораме да ја разбереме природата на Сонцето.

🙂 Сте се запрашале ли некогаш како би изгледал светот и што би се случило со нас ако го нема Сонцето?

Самата планета би попримила потполно различни и непрепознатливи карактеристики, од кои најзабележителни би биле темнината и студот. Кога би го снемало Сонцето, на Земјата би настапила темнина во рок од 8,5 минути, колку што му  е потребно  на сончевата светлина  да стигне до неа.

Студот би настапил во нешто подолг временски период, но неговите ефекти би биле далеку пострашни.  Температурата на планетата би се спуштила на минус 17,8 степени Целзиусови во рок од седум дена.

Недостигот на Сонцето би предизвикал и стопирање на фотосинтезата, процес со кој растенијата ја претвараат сончевата светлина во енергија. Тоа значи дека  условите за живот на планетата постепено ќе се намалуваат. Растенијата кои не би извршувале фотосинтеза  би ги загубиле своите хранливи вредности, што би резултирало со потенцијален недостиг на храна.


2. Практична креативна активност:

🙂 Изработка на сонце од жолта пластична чашка.

* Потребни материјали:

  • темперна жолта боја
  • чинија од хартија
  • ножици
  • хартија во сина боја
  • лепак
  • цевки

sonce


3. Музичка активност:

🙂 Годишни времиња

https://www.youtube.com/watch?v=5gnJ-oDz5pU


ЦЕЛИ:

  • Развивање на визуелна перцепција кај децата.
  • Негување љубов кој ликовното творештво.

ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Детето декорира разни предмети со цртање.
  • Детето изработува разни предмети.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес113
Вчера212
Оваа недела325
Овој месец2400

Моментално посетители

2
Онлајн

2024-12-10

Политика за колачиња