Галерија

Social Work Spotlight – Весна Блажевска

Слушнете го интервјуто на Весна Блажевска за Social Work Spotlight

Стручниот работник - ссоцијелане работник Весна Блажевска од ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје, даваше интервју за Social Work Spotlight podcast. На интервјуто ја објасни состојбата со социјалната работа во нашата држава, но и го истакна нејзиното повеќе од 20 години работно искуство како социјален работник. Таа објасни и дека последните повеќе од 12 години работи во предучилишна установа и дека всушност никогаш повеќе нема да се откаже од работа со деца, семејства и вработени во полето на предучилишното воспитание и образование. Имено, Весна Блажевска, како социјален работник во предучилишна установа има дадено голем придонес во унапредување на воспитно-образовната дејност и позитивна промоција на установата, преку учество на интернационални проекти кои, не само што ги збогатуваат воспитно - образовните содржини, туку и помагаат за поуспешен целокупен раст и развој на децата и професионално усовршување на вработените.

Имено, ова интервју ќе биде споделено насекаде во светот, со што сите заинтересирани ќе имаат можност да слушнат за ЈДГ „Весели Цветови" - на општина Кисела Вода во Град Скопје, како и за важноста на социјалната работа во секој сегмент на заедницата и општеството.

За Нас

Градинката Весели Цветови започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја, на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев". 
Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.

Прочитај повеќе...

Посетеност

Денес46
Вчера316
Оваа недела46
Овој месец2324

Моментално посетители

1
Онлајн

2026-08-10

Политика за колачиња