ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ВИДОВИ СООБРАЌАЈ
ДАТА: 15.05.2020
РЕАЛИЗАТОР: ЕЛЕНА ГОГОВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на општи знаења.
СТАНДАРД: Детето демонстрира интерес за учество во разни форми на визуелна креативност.
НАСЛОВ НА ТЕМА: СО РАКЕТА ДО ДАЛЕЧНА ПЛАНЕТА
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра, разговор, обработка на текст.
* Потребни материјали:
- слики
- илустрации
- текст
Што е ракета?
Ракетата е лансирано возило кое се користи за патување и истражување на вселената.
Ракетите можат да патуваат и слетуваат на многу планети во нашиот сончев систем, но и надвор од него.
Колку планети имаме во нашиот сончев систем и кои се тие?
Меркур, Венера, Земјата, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.
Е сите овие планети можеме да ги посетиме само со ракети.
Обработка на текст.
СО РАКЕТА ДО ДАЛЕЧНА ПЛАНЕТА.
Јас имам шарена ракета. Со неа патувам низ вселената, каде и да посакам, кога и да посакам и посетувам многу нови планети. Еден убав ден од оваа пролет ја посетив планетата Кид. Прекрасна авантура што ќе ја паметам. Кога пристигнав на планетата Кид и се симнав од мојата шарена ракета, таму ме чекаше мојата другарка од оваа планета, таа се вика Ера. Беше многу необична во нејзиниот фустан од бонбони и жолта долга коса. Ера има три очи, четири раце и четири нозе. Ми се приближи и ми рече: здраво, добредојде Ема, ајде да те прошетам низ мојата прекрасна планета. Беше прекрасно, тревата беше од банани, на реката имаше мост од јагоди, а наместо вода течеше чоколаден прелив. Куќите беа изградени од парчиња торта, прозорците од чоколадни лижавчиња а покривите од црвени лижавчиња. Додека љубопитно разгледував наоколу колку е прекрасна оваа планета, Ера ми подари еден фустан од бонбони исто како нејзиниот што го носеше. Шетавме, се забавуваме, ме запозна со нејзините дружељубиви другарчиња а научив и многу нови работи за жителите од планетата Кид. Почна да се стемнува а јас веќе морав да се вратам во мојата ракета и да си го фатам патот накај дома. Ја поканив Ера веќе следниот ден да дојде на мојата планета Земја за да можам и јас да и ги покажам убавините на нашата планета. Се разбира, ќе дојдам рече Ера, и тоа со мојата шарена ракета.
2. Практична креативна активност:
* Потребни материјали:
- Хартии во боја
- Ножици
- Лепак
- Фломастери
- Туба од тоалетна хартија
Изработка на ракета
https://www.youtube.com/watch?v=hLq_bLg-7c0
3. Цртан Филм
Сказните на Биби: Тајните на планетата Заз.
https://www.youtube.com/watch?v=JuZtveHaOoM
Сказните на Биби: Зази, Зина и планетата Земја.
https://www.youtube.com/watch?v=VDKkbbJBgUU
ЦЕЛИ:
- Поттикнување на љубопитноста, фантазијата и истражувачкиот дух кај децата.
- Развивање на визуелната перцепција и негување на креативноста кај децата.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето декорира разни предмети со цртање.
- Детето изработува разни предмети.