ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Животните од приказните
ДАТА: 29.04.2020
РЕАЛИЗАТОР: Весна Боневска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Пристап кон учење
СТАНДАРД: Детето покажува интерес и сака да знае повеќе за настаните и приказните што се однесуваат на непознати нешта на пример за слонот.
НАСЛОВ НА ТЕМА: Слончето Дамбо
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/ разговор
* Потребни материјали:
- слики
- детска литература
- интернет
Името Дамбо како што им е познато на сите станува збор за приказна за мало слонче на кое сите му се смеат поради неговите големи уши.
Но децата ќе откријат дека слончето на кое му се исмејуваа може да лета. Така да слончето Дамбо ќе биде најсакано и најмилото слонче.
Во прилог ќе го погледнете цртаниот филм (слончето Дамбо).
2. Практична активност
* Потребни материјали:
- лист
- фломастери,дрвени боици
- лепак и очи
Го цртаме ликот од анимираниот филм - слончето Дамбо.
3. Музичка игра:
Песна за слонче
https://www.youtube.com/watch?v=PPqYA11yhg0
ЦЕЛИ:
- Да се развива потребата од поставување прашања со цел да се добие објаснување за нештата што не се јасни.
- Да се охрабрува детето да поставува прашања и да негува упорноста и истрајноста во добивањето одговор.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето може да следи процес или појава подолго време.
- Детето поставува прашања за тоа што не му е јасно.