ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: Птици и инсекти
ДАТА: 07.05.2020
РЕАЛИЗАТОР: Габриела Стојановска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазикот, комуникација и описменување
СТАНДАРД: Детето може да слуша и разбира говорен јазик
НАСЛОВ НА ТЕМА: Штурецот и мравката
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/ раскажување приказна
* Потребни материјали:
- детска литература (басна ,,Штурецот и мравката“)
- слики
- илустрации
Си беше деца еднаш еден штурец кој беше многу мрзелив. Во лето си седеше под сенка и се ладеше од летните горештини со еден убав зелен лист. Често си размислуваше колку е среќен и колку му е убаво. Цело време им се потсмеваше на вредните мравки кои собираа храна за ладната зима.
„Премногу е топло мравчиња, поубаво да одмарате отколку да работите“- им велеше дечиња штурецот на мравките. „Мравчиња ајде оставете ја работата и да се забавуваме“- повторно им велеше деца штурецот на мравките. Но, дечиња мајката мравка им беше кажала на мравчињата да не го слушаат штурецот што им зборува зошто сега не е време за одмор, туку време е за работа. „Има време кога да се одмара, сега мора да се собира храна за зимата“- им велеше мајката мравка. Мравките и после летото, откога пристигна есента сеуште вредно работеа и собираа храна за зимата. И што мислите дечиња што друго правеа? Правеа засолниште за да не им биде ладно во зима. А штурецот деца и понатаму си свиреше и пееше.
Кога падна првиот снег дојде и зимата. Штурчето деца немаше засолниште и немаше што да јаде.
Ееее деца, сега штурецот се потсети што правеше цело лето. Како пееше и свиреше наместо да собира храна и да си прави засолниште. Но сега деца беше доцна штурчето за да се кае.
Што мислите дечиња кој му помогна на штурчето? Му помогнаа добрите мравки. Го пронајдоа штурецот, го земаа во своето засолниште, го стоплија со топло ќебе и го најадоа со топла супа. А знаете ли дечиња кој му даде добар совет? -Мајката мравка деца. Таа му рече: „Се надевам дека сега разбра зошто треба да се работи кога е време за работа. Ако работеше во лето, собираше храна и си правеше засолниште сега немаше да гладуваш и ќе имаше каде да се засолниш од студот“.
Деца, штурецот многу се засрамил, побарал мравките да му простат и се заблагодарил на помошта. Штурецот им свиреше и пееше на добрите и вредни мравки за да им се заблагодари со ветување дека повеќе нема да биде мрзелив.
2. Практична креативна активност:
* Потребни материјали:
- хартии во боја (светло зелена, темно зелена, црна или кафена и бела)
- шпатули или цевка
- ножички
- лепак
Изработка на штурче и мравка:
3. Музичка игра:
Штурецот и мравката
ЦЕЛИ:
- Да се поттикне активно слушање и разбирање на говорот од страна на возрасен.
- Да се поттикне иницијативност, креативност, трпеливост при реализација на активностите.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето со внимание слуша приказни што му се раскажуваат читаат.
- Детето успешно работи со ножици и ги користи палецот и показалецот при работа со материјали од хартија.