Тема на неделата: Сонце, вода, воздух и почва
Дата: 03.04.2020
Реализатор: Клементина Петрушевска
АСПЕК НА РАЗВОЈ: Когнитивен развој и стекнување на нови знаења
СТАНДАРД: Детето ги набљудува и опишува карактеристиките на живиот свет.
НАСЛОВ НА ТЕМА: Што се расте во почва/земја?
АКТИВНОСТИ:
* Потребни материјали:
- слики
- илустрации
- детска литература
1. Говорна игра - разговор
* Почвата претставува површинскиот слој на земјината кора. Почвата е создадена од : минерали, вода, воздух и живи организми.
Во почвата живеат многу живи организми, бактерии, габи, инсекти и црвчиња кои се хранат од земјата.
Во почвата растат различни видови растенија: дрвја, треви, цвеќиња, зеленчуци, овошја, житни ултури, билки и др.
*Децата сакат да истражуваат и копаат во земјата. Да ги набљудуваат бубалките и растителниот свет, тревите, цевќињата и дрвјата.
2. Истражувачка активност
*Разгледај и опиши како растението се менува и расте.
3. Ликовна игра/ изработка – Нашата мала градина
*Потребни материјали
- саксија,пластично шише, конзерва и сл.
- темпера
- цвеќе
- украсни камчиња
4. Математичка игра
-Нацртајте 5 цвета и во нивната средина запишете ги броевитеод 1 до 5.
Децата со својот прст ставаат отпечатоци за ливчиња соодветен на бројот.
ЦЕЛИ:
- Збогатување на сознанијата на децата за растителниот свет и важноста на почвата за истите.
- Стекнување на нови искуства и сознанија
- Поттикнување на љубопитноста и истражувачкиот дух.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето набљудува и препознава причинско- последични релации .
- Детето знае дека растенијата растат и се менуваат.