ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ,,Мали истражувачи,,
ДАТА: 17.08.2020
РЕАЛИЗАТОР: Воспитувач - Анета Апостолска
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Физичко здравје и моторен развој
НАСЛОВ НА ТЕМА: ,,Што прави Сонцето - Сонцето е ѕвезда,,
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/,,Сонце,,- читање и обработка на текст од ,,Универзумот,,- Автор-Нурија Рока - ,,Просветно Дело АД-редакција ,,Детска радост,,
* Потребни материјали:
- слики
- детска литература - сликовница
- постер
- енциклопедија
,,Сонце,,
Замисли си дека одиш на пат за да посетиш некоја ѕвезда.
Како што се доближуваш до неа, ќе можеш да ја видиш се поголема и поголема, ќе можеш да ја почувствуваш нејзината топлина и да ја забележиш нејзината сличност со нашето Сонце...кое, исто така, е ѕвезда!Како сите ѕвезди, и нашето Сонце е огромна топка создадена од вжештени гасови каде што се случуваат големи експлозии кои овозможуваат тоа да блеска и да зрачи топлина. Нашата ѕвезда е жолта, со некои темни полиња кои го менуваат обликот.
Одвреме-навреме, од Сонцето болскотат долги пламени јазици во вселената. Тоа е толку моќно,што ни дава светлина и не затоплува!
-Разговор за текстот - препознавање и именување на ,,Сонцето,, облик и форма, боја и изглед.
2. Практична креативна активност:,,Сонце,,
* Потребни материјали:
- хартија во боја-,,Жолта,,
- ножички
- дрвени стапчиња
- лепак
Изработка на ,,Сонце,,
3. Музичка игра: ,,Владо црта Сонце,,-слушање на детска песничка на ЦД и слободни движења на музика
- Потребни средства
- Касетофон, ЦД
https://www.youtube.com/watch?v=7ch-2IkOi9o
ЦЕЛИ:
- Да се поддржува иницијативата за користење на различни извори на информации..
- Да се поттикне интерес за учество во ликовни активности преку користење на разни форми на ликовно изразување.
- Да се поттикнат способности за слободно изразување преку движење и танцување на едноставна кратка музичка содржина.