Тема на неделата: Домашни миленици
Дата: 09.04.2020
Реализатор: ЕЛИЗАБЕТА СТОЈКОВСКА
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ: Развој на јазикот, комуникација и описменување
СТАНДАРД:
- Детето може да зборува и комуницира
- Детето покажува интерес кон печатени материјали
НАСЛОВ НА ТЕМА: ШАРЕНО ПАПАГАЛЧЕ
АКТИВНОСТ:
1. Разговор/енциклопедија
* Потребни материјали:
- слики
- енциклопедија
🙂 Папагалот спаѓа во групата на птици. Со помош на енциклопедија за птици, по слики го опишуваме изгледот на папагалот.
🙂 Папагалот има шарени крилја, пердувите му се во различни бои, во домашни услови се чува во кафез. Папагалот е украс на природата.
🙂 Секое дете може да даде исказ доколку има милениче- папагалче и како се грижи за него.
2. Моделирање папагал со пластелин - ликовна игра
* Потребни материјали:
- пластелин
3. Музичка игра:
- Папагалче, канаринче
https://www.youtube.com/watch?v=nNi00POmVQg
ЦЕЛИ:
- Да се поттикнува и оспособува детето за искажување на своите идеи на повеќе начини
- Да се развива способност за користење на книга (енциклопедија)