СЕНЗОМОТОРЕН РАЗВОЈ
Изработил: м-р Анета Јовановска Стојаноска дефектолог
Предучилишната возраст е период на забрзан сознаен развој. Сензомоторниот равој со кој децата го запознаваат светот околу нив со помош на своите пет сетила, започнат од раѓањето продолжува и во втората година и му овозможува на детето да го разбере светот и да дејствува врз него „сега и овде„ онака како што гледа и доживува.
На крајот на сензомоториот период според Пијаже (0-2 години) детето треба да развие:
- Познавање на своето тело- топогнозија;
- Да разбере дека последиците имаат своја причина-каузалност;
- Постојаност на предметот, иако е отсутен;
- Употреба на симболи во говорот и мислењето.
Детето од своето раѓање до 2 годишна возраст интензиво го запознава светот со помош на своите пет сетила: вид (гледање), слух (слушање), тактилни информации (допир), олфакторни стимулации (мирис) како и густација (вкус). Постојат и други сензорни модалитети, на пр. вестибуларниот апарат (рамнотежа и чувство за движење) и проприоцепција (чувство за сопствената позиција во просторот).
Височеството на петте сетила -
Сетилото за допир - не поврзува со светото и со другите. Секому, од дете до возрасен потребна му е постојана допирна астимулација. Нежен допир, силен стисок, растегнување на кожата, вибрација, движење, температура и допир.
Сетило за вид- 80% од информациите кои ги примаме доаѓаат преку ова сетило. По раѓањето на бебето му требаат неколку недели да се фокусира на човек или предмет. Се раѓаме со способноста да гледаме но визуелните спсообности ни се развиваат како што старееме. Ова се случува со движење низ нашата срредина, како и со фокусирање и набљудување на неподвижни и предмети во движење.
Сетило за слух - ние сме родени со основните вештини за примање и слушање на звуци. Аудитивните способности се развиваат уште во маткатазаедно со вестибуларниот сиситем. Витално е за слиушање, рамнотежа, билатерална координација, дишење, зборување, самодоверба, развој на социјални односи и академско учење.
Сетило за вкус - со помош на јазикот можеме да утврдиме дали некоја храна е слатка, солена, жешка, кисела или горчлива. Горната површина на јазикот е покриена со мали папили кои ја држат храната за да ротира во устата за време на џвакањето. Често се случува децата да одбегнуваат одреден вид на храна (повеќе од 50% од децата на возраст од 18 до 24 месеци) затоа потребна е разноврсна храна, со цврста структура која пак има големо значење за развој на говорот.
Сетило за мирис-во носот има пет милиони олфакторни рецептори кои добиваат информации за мирисот, најчесто 80% се непријатни миризби. Пријатните миризби се дирекно поврзани со емоциите.
Проприоцепторен систем- несвесен осет за позицијата на телото. Обезбедува информации околу осетот за ориентација, наока и брзина на движење. Ни помага да одредиме колкав напор или колкава сила се потребни за да фатиме или подигнеме одреден предмет.
Вестибуларен систем-доживува брз развој од 6 до 12 месеци потоа развојот забавува. Оваа способност созрева во текот на шестата година. Важен за пренос на информации кога се движиме или кога мируваме. Основните функции на бегство или борба реакциите зависат од точните информации на вестибуларниот сиситем.
Сензомоторен развој потребно е активно да се стимулира од самото раѓање. Тоа не е формиран развој и истиот зависи од активностите кои се изведуваат за негова стимулација. Главната цел во овој период е изведување на сложен невролошки процес кој ја организира сензацијата од сопственото тело на лицето и на околината- сензорна интеграција.
Прво ниво (од раѓање)- Допир, рамнотежа и движење, позиција на телото (од другите сетила).
Второ ниво (2-4 години)- Сензомоторни способности (свесност за телото, употреба на двете страни на телото, доминација на едната рака, моторно планирање).
Трето ниво (4-6 години) Перцептивни моторни способности, аудитивна дискриминација, говор и јазик, визуелна дискриминација, координација на рака-око, смислена активност)
Четврто ниво (над 6 години) Академска подготвеност, академски способности, сложени моторни способности, контрола на вниманието, организирано однесување, самопочитување и самоконтрола).
Детето во тој период станува способно да ги замисли предметите и луѓето да ги симболизира преку игра, цртеж и говор. Доколку истото нема правилна стимулација може да се појават знаци на нарушување на сензорното процесирање како хиперсензитивност или хипосензитивност.
Пример за активности за развој на сетилата.