ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: МАЛИ ИСТРАЖУВАЧИ
ДАТА: 21.08.2020
РЕАЛИЗАТОР:Александра Атанасова
АСПЕКТ НА РАЗВОЈ:Когнитивен разој и стекнување на општи знаења
НАСЛОВ НА ТЕМА: СЕНКИ
АКТИВНОСТ:
1. Говорна игра/ разговор
* Потребни материјали:
- текст
- детска литература
- серија слики
Едно убаво сончево утро Дарко тргнал да оди пешки до своето училиште.Додека одел тој видел дека неговата сенка е многу голема,но за да биде уште поголема неговата сенка почнал да скока до училиштето.
Во 9.30 часот
Кога бил одморот за ужинка во училиштето Дарко видел дека неговата сенка била помала од утрото .Сенката станала иста колку него.
Во 12 часот на пладне Дарко кога се враќал од своето училиште многу внимателно гледал околу неговата сенка,но сенката била многу, многу мала.Дарко замислен се рекол,,Мојата сенка под сонцето е многу мала ,,
Дарко попладне повторно излегол надвор.Неговата сенка е тука но сега е поголема од утрото.Дарко многу се израдувал на својата сенка.
Вечерта кога се стемнило Дарко повторно излегол надвор.Во неговата уличка имало три улични светилки.Дарко е збунет од тоа што го гледа,три сенки од него.Долго време неможел да заспие,постојано мислел на сенките.
Да му помогнеме на Дарко и да му објасниме како се создава СЕНКАТА.
СЕНКА
Сонцето-како извор на светлина изгрева на исток,а заоѓа на запад.Сончевите зраци најсилно греат на пладне,а послабо наутро и попладне.Ако престојуваш надвор ќе забележиш дека
предметите не ја пропуштаат сончевата светлина и така настануваат СЕНКИТЕ.Должината на сенката зависи од висината на сонцето.Најкуса е сенката на пладне.Сенките се најдолги рано наутро и доцна попладне.
Своја сенка имаат луѓето,животните,растенијата и сите предмети околу нас.Но исто така и електричната светилка е извор на светлина и помага да се создаде сенка.
Сончевите зраци се над предметот и сенката е кратка
Сончевите зраци се од страна на предметот и сенката е подолга
Предпладне пладне попладне
2. Практична креативна активност
* Потребни материјали:
- Бели листови
- Боички и молив
- играчки
Светлината и сенката се природни феномени и секое дете сака да ги истражува.Со ваша помош родители фантазирајте и истражувајте со вашето дете дали ќе биде тоа во вашиот дом каде ќе може да играте со вашите раце правејќи сенка,со цртање сенка од играчка со помош на светлината на бел лист на вашата тераса или во вашиот двор
3. Своја сенка имаат луѓето,животните,растенијата и сите предмети околу нас.Пронајди и поврзи!
Цели:
- Детето стекнува нови сознанија и го збогатува своето сознајно искуство
- Детето се насочува и ја развива својата моќ на перцепција при воочување и споредување